
Инаку да, и оваа на сликата е комплетно ВИ. Пишуваш „жена што рекламира производ за убавина“ и ти излегуваат еден куп вакви варијации, само треба да избереш. Леснотијата на процесот е бескрајно заводлива, ама се појавуваат етички и социјални прашања - до каде сме спремни да одиме? Со цел памет ќе купуваме нешто што не е ни искористено на лицето што се обидува да го продава?
Од друга страна, кога ќе добиевме на времето некоја Синди Крафорд на слика и ќе ни кажеа дека нејзиното лице е такво баш од тој и тој производ што го држи, нели и тогаш бевме излажани? Особено поради фактот што еден модел што држи производ (често и не го држи, туку го држи посебен модел за раце), сигурно под а) има генетика во своја полза, а под б) работа ѝ е да оди по бројни третмани за убавина и не е само до производот?
Само што, како што коментираат на ова, а и масовно на други видеа со слична тематика: Порано барем се споредувавме со вистински жени.