Адел Удо живее добро, затоа што ги покрива повеќето категории. За сликање држи лакови, лица (да лицето со шминка најчесто не си го држи манекенката сама, туку доаѓа некоја како Адел Удо и ги позајмува рацете), овошја, парфеми, и секакви предмети кои на публиката ѝ се доближуваат со тоа што ќе бидат прикажани во нежни, совршени женски раце, со долги префинети прсти и тенки зглобови.
А кај се реклами за накит, за саати, шминка за очи, или еден куп индустрии каде што може да ти текне дека нозе се топ реклама. А сепак, и при ваков несекојдневен и занимлив начин на заработка за живот, човек може да се посомнева дали прави доволно.
Во секој случај, без разлика што продава преку делови од тело, Удо не отстапува од тоа дека мора да го живее животот. Работи во двор, готви, шета со куче и ако се гребне... Па јеби га.
Креирала лосион за раце, кој го продава онлајн и го испраќа сама. Не е тоа најјакото. Најјакото е што не верува во 17 различни шишиња лосион во купатило - за коса, за лице, за тело, за раце, за стапала - и има направено еден универзален.
Просто е изненадувачки колку природно изгледаат рацете кога се движат околу туѓа глава пред камера: