
- Не е романтично да се согласуваш буквално со сè - здрава врска е кога има размена на мислења, хумор, зрели дискусии, дури и благ конфликт.
- Јавното запросување. Освен ако не си добил некаков јасен знак дека таа сака така.
- Скапи подароци - можат да бидат романтични, ама не се работи само за пари, се работи и за вложен труд.
- Постојано „бркање“ дури и откако ќе ги одбиеш.
- Да се појавиш непоканет некаде. Најчесто е наметливо и непријатно, не и слатко.
- Љубомора и посесивност. Не е романтично.
- Слики од гениталии. Тотално непотребно, никој не сака тоа да го гледа.
- Игнорирање поставени граници затоа што „сум таков“.
- Да викаш „не си како другите жени“ како комплимент.
- Љубовно бомбардирање на почеток, кога е прерано. Разликата меѓу некој што е стварно ентузијастичен, но доволно сигурен во себе да знае дека треба време да се запознаете и некој што или е манипулатор или има проблеми со приврзување.
- Да ѝ пееш.
- Да ѝ речеш „ме потсетуваш на мајка ми“.
извор