Bookbox

Малкумина музичари оставиле толку длабока трага во историјата на џезот како Луис Армстронг. Освен по виртуозната свирка на труба и препознатливиот глас, тој остана запаметен и по прекарот „Сачмо“, кој со текот на времето стана речиси подеднакво славен како и неговото вистинско име. Зад овој необичен прекар се крие интересна приказна, исполнета со хумор, случајности и духот на Њу Орлеанс.

Во моментов во светот класичните филолози, благодарение на новата екранизација на древниот еп, ги живеат своите (или ворхоловите) пет минути, кои кој знае кога пак ќе се повторат. Сведочевме дури и јавни препукувања (како она помеѓу преведувачката на „Одисеја“ на англиски Емили Вотсон и писателката Џој Керол Оутс), во кои не изостанаа и политички тонови. Нашата академска средина не е до толку возбудена по ова прашање, но професорката Даниела Тошева од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет се согласи, специјално за Букбокс, да ги пренесе своите впечатоци за филмското дело произлезено од трпезата на Хомер, од која - еве - уште има да се мези.

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Необична епизода од историјата на картографијата – приказна за измислените населби што картографите намерно ги внесувале на своите карти за да ги заштитат од плагијат, но и за еден „град на хартија“ што со текот на времето навистина станал дел од реалноста.

20-годишниот проект на еден фотограф да го регистрира секое животно на планетава

Во време кога сè поголем број животински видови исчезнуваат поради човековото влијание и климатските промени, фотографот Џоел Сартори создава еден од најзначајните современи проекти посветени на природата. Неговиот Photo Ark (Фотоарка), кој годинава одбележува две децении постоење со поддршка на друштвото Нешнл Џиографик, има амбициозна, но едноставна цел – да се фотографира секој животински вид што живее во зоолошки градини, аквариуми и центри за заштита низ светот, пред да биде предоцна.

Се сеќавате на изразот „тандара броќ“?

Сега некои од помладите ќе мислат дека нешто измислуваме и дека зборуваме за некој далечен, бушмански јазик. Всушност станува збор за израз кој „на времето“ (поранешна Југославија) често се среќаваше во стрипови и цртани на српско-хрватски. Но никогаш не сме се запрашале што значи.

Годината во која сите правеле свадба

1942. Франклин Рузвелт ја спушта возраста за регрутирање на војници од 20 на 18 години. Почнува национална паника, несигурност и страв од она што следи - можноста оној кој ќе појде во војска никогаш да не се врати. Оттаму, секој кој имал со кого, се земал без многу размислување.

„Познат уметник умре сосема сам, без скршен динар“:  збирка некролози за сликари, скулптори и фотографи

Во музејот Метрополитан во Њујорк се чуваат албуми со исечоци од весници, пожолтени од времето. Тие се полни со некролози и вести за смрт на сликари, скулптори и фотографи од доцниот 19 и раниот 20 век. Голем дел од нив констатираат тажен крај на нечиј уметнички животен пат, а опсесивно ги собирал вработен во музејот.

Дело на Мондријан 75 години било изложувано наопаку

Слика на холандскиот уметник Пит Мондријан со децении висело закачено обратно на ѕидовите на галериите низ светот. И најверојатно ќе си остане така.

Oпасноста од „приказнизација“ на буквално сè

Во оваа рубрика често сме пишувале за моќта на нарациите, преку кои вештиот раскажувач може да долови нешта кои сувите факти не можат да го пренесат. „Вешт“ сепак може да значи повеќе работи, меѓу кои и способност за манипулација. Нова книга предупредува дека заводливото во приказните може да биде употребено и за добро, и за лошо. 

Дали слушањето аудиокниги може да се брои како читање?

На сајтот Вајрд одговор на горното прашање дава нивниот дежурен „духовен советник“, кој притоа зборува за бардските традиции на модерното доба и зошто книжевните снобови се секираат за погрешни нешта.

Поротата што донесе пресуда по консултација со мртвите

Начинот некој да биде осуден за кривично дело се разликува од држава до држава. Но во голем број контексти последниот збор го има порота, која се состои од 12 „обични“ луѓе кои се практично судии, дури и во најсериозни случаи. Тие, по излагањата на обвинителството и на одбраната, треба да одговорат на едно едноставно прашање: дали Х е виновен или не. Во еден ваков случај била потребна консултација со оностраното.

Дали би спиеле во џиновска саксија?

Сајтот за изнајмување станови за туристички престој Airbnb дава 100.000 долари на секој од 100-те проекти, одбрани на конкурс за изградба на најоткаченото живеалиште. Meѓу нив има станови сместени во нуклеарни ракети, такви во форма на прасе или направени од рециклирани гуми.

Најбелата бела боја на светот

Новодобиената ултра бела боја рефлектира до 97,9 проценти сончева светлина и може да ја намали нашата зависност од употреба на климатизери за ладење на возила и простории.

Енедуана: првата именувана авторка на светот?

Малку позната месопотамска поетеса и свештеничка е тема на нова изложба во Њујорк. Според истражувачите на нејзиниот лик и дело, таа е првиот именуван автор во целата регистрирана историја.

Жената која цела деценија си го чувала љубовникот на таван

Денес од петни жили медиумите се обидуваат да измислат скандал, но притоа ниту една фикција не може да им парира на вистински скандалозните приказни за кои никој не зборува. И оваа би останала тајна, да не било едно убиство.

Кога Французите изградиле реплика на Париз за да ги излажат германските бомбардери

Париз поминал со релативно мала штета во однос на градбите и инфраструктурата во текот на обете Светски војни. И денес желбата тој да се заштити и сочува е голема, но таа била таква и пред еден век. Во еден момент поттикнала голема креативност и огромни ресурси.

„Соработка“ - колку тоа себично звучи

Постои еден цел мит околу концептот на соработка, дека тоа е движечка сила на секој тимски потфат, дека треба да се слави и да се поттикнува. На мотивациските постери кои ја прикажуваат, луѓе фатени за раце во наплив на соработничка екстаза го постигнуваат и невозможното. Така барем вели позитивната корпоративна психологија. Што вели реалноста?

Научниците предвидуваат кога ќе умрете врз основа на тоа како одите

Нова студија покажува дека мерните вредности кои се добиваат со алки-сензори за движење можат да се употребат за предвидување, со висока веројатност, на ризикот за морталитет, и тоа пет години пред настапување на смртта. 

Влажниот армиски сон: тенк што лета

Во Втората светска војна, СССР изработила тенк кој не метафорично, туку буквално можел да лета. Што се случило со овој брилијантен, иако не многу практичен концепт?

Зошто е потребно да се научи да се чита?

Вредноста која ѝ се придавала на писменоста се менувала низ историјата. Ако некогаш да се знае да се чита претставувало морален императив и знак за вложување во себе и во иднината, денес тоа е неопходно за човек да биде продуктивен и воопшто да функционира во модерната економија.

Најомразениот човек во Америка

Денес ретко кој се сеќава на Леон Хендерсон. Но во текот на Втората светска војна тој бил администратор на најважното владино тело - Бирото за раководење со цените. Ова значело дека неговата улога била на Американците за многу нешта да им вели „не“. Речиси невозможна улога, во која уживал.

Расказ за автобусот

Влегуваме во градски автобус. Се слуша бипкање на билетите. Некој се шмугнува без карта. Баба со стапче се гега, позади неа палави средношколци со ранци прават фаци, демек „аман више“. Откако раздвиженоста спласнува и секој си го зазема место, атмосферата одеднаш се стишува. Сите гледаат отсутно во некоја точка, хипнотизирани. Само звук на моторот.

Зауздување на детската слобода: кратка историја на игралиштата

На прв поглед игралиштето е природно место за детска игра, со лулашките, тобоганите и вртелешките, кои денес се сметаат за суштински елементи на јавен простор наменет за најмладите. Но идејата за неговата идеална форма се менувала низ историјата, меѓу другото и под влијание на променетите општествени услови и на стравовите поврзани со околината.

Прв пат на американски пари ќе се најде лик на Азијка

Во понеделник, 24.10, американскиот трезор ќе почне да дистрибуира монети на кои е втиснат ликот на Ана Меј Вонг, првата азиско-американска филмска ѕвезда која се борела за еднаков третман на актерките со азиско потекло и за нестереотипни улоги за нив.

Најдобриот рамкаџија меѓу сликарите

Францускиот сликар Едгар Дега не само што е еден од најславните импресионисти, туку бил и најкреативниот дизајнер на рамки за сопствените слики. Збеснувал кога купувачот ја менувал рамката и давал детални упатства каде и како треба да се закачaт.

Од национално богатство до предатор: Неруда е канселиран

„Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови./Да помислам дека ја немам./Да почувствувам дека ја загубив./Да ја слушам бесконечната ноќ/уште понеизмерна без неа.“ Џабе везеш, би рекле чилеанските феминистки, за кои авторот на некои од најубавите љубовни стихови на светот е шовинист и сексуален предатор.

Кога двајца писатели влегле во магиски дуел

Замислете македонски писатели како се начекуваат на скали на Друштво на писатели и наместо со тупаници и боксирачи меѓусебно си фрлаат клетви како од македонски народни приказни. Нешто слично се случило во Англија на самиот почеток на 20 век. 

Зеленски објавува збирка воени говори

„Порака од Украина“ вклучува 16 говори одбрани од претседателот на Украина, како и вовед во кој се прави преглед на сето она што го доживеал тој и неговата земја од почетокот на војната со Русија.

Еукатастрофа: замислениот збор на Толкин кој токму сега ни треба

Пред да ја напише „Господар на прстените“ Толкин создал збор - „еукатастрофа“ - за којшто неговите проучувачи пишуваат и 70 години подоцна. Што сакал да каже со него и зошто денес ни е потребен феноменот што го опишува?