Дали живееме во „ступидогено“ општество?

Денес повеќето луѓе немаат потреба да учат рутински работи за да преживеат. Но проблемот е што кога нешто не е неопходно, најчесто не го правиме. Во минатото луѓето биле мотивирани од принципот на „морков и стап“ – од една страна награда и признание за стекнати вештини, од друга, притисок од секојдневието што барало пракса. Денес тие стимули ги нема.

Во текот на 20-тиот век, резултатите од тестовите за интелигенција постојано растеле – феномен познат како „Ефектот на Флин“, наречен според американско-новозеландскиот филозоф и истражувач на интелигенцијата, Џејмс Роберт Флин. Но, кај генерациите родени во втората половина на векот, особено во развиените земји, овој тренд не само што застана, туку и почна да опаѓа. Најјасни податоци има од Скандинавија, каде систематски се мерат ај-кју резултати на регрутите. Дури и самиот Џејмс Флин забележал пад во Велика Британија од 1980-тите, кој можеби е поврзан со тоа како тинејџерите го трошат слободното време – особено со зголеменото присуство на технологија.

Овој пад се поврзува со феноменот „ментално олеснување“ (cognitive offload) – навика да се користат уреди за да се заштедат ментални напори: калкулатори, GPS, апликации, музички плеери. Овие олеснувања го прават секојдневието поефикасно, но го намалуваат развојот на сопствени способности. На пример, луѓето што користат џипиес побрзо стигнуваат до дестинацијата, но послабо ја паметат рутата. Ако само фотографираме, а не цртаме, имаме слика, но слабо паметиме што сме виделе. Проблемот е што напредните вештини се градат врз основните; ако ги прескокнеме, не можеме да развиеме комплексни способности. Но, колку повеќе задачи префрламе на машините, толку повеќе ризикуваме интелектуално да ослабнеме.

Секако, животот е подобар – подолг, поудобен, побогат. Но секое решение носи нов проблем. Машините што ја поедноставија трговијата и секојдневните сметки го заменија и практикувањето на основните вештини што порано биле основа за понатамошно знаење и личен развој. Во минатото, учењето пијано или работа со броеви не било само корисно за заработка, туку и трајна лична радост или интелектуален капитал.

Денес повеќето луѓе немаат потреба да учат рутински работи за да преживеат. Но проблемот е што кога нешто не е неопходно, најчесто не го правиме. Во минатото луѓето биле мотивирани од принципот на „морков и стап“ – од една страна награда и признание за стекнати вештини, од друга, притисок од секојдневието што барало пракса. Денес тие стимули ги нема.

Слично како што живееме во „обезогена“ средина што го олеснува дебелеењето („дембелија“), сега сме и во „ступидогена“ средина („глуперана“) – лесно е да се биде интелектуално мрзлив. Паметните машини нè ослободуваат од ментален труд, но и ја намалуваат нашата вежба. Некои новинари дури зборуваат за „криза на интелектуална дебелина“.

Историјата покажува дека има и спротивни трендови: иако машините го намалија физичкиот труд, денес многумина доброволно трчаат, одат во теретани или учествуваат во маратони. Можно е нешто слично да се случи и со интелектот – дел од луѓето ќе бараат когнитивни предизвици, игри и ментални тренинзи, и можеби ќе бидат поумни од која било генерација досега, додека други ќе назадуваат.

Клучната порака е дека училиштата треба да се однесуваат како „теретани за умот“. Тие мора да обезбедат простор за вежбање и усвојување на основните вештини што повеќе не се условени од секојдневниот живот, но се сè уште суштински за интелектуален развој. Спротивното – да се прескокнат „основите“ и да се остави сè на машините – значи прифаќање на плафон што технологијата ни го поставува. Тоа е рецепт за општество кое станува интелектуално слабо.

извор

18 септември 2025 - 08:26