Суспензија за Шрудер, го чекал Дончиќ после натпревар на ферка
11 јануари 2026
- Денис Шрудер ќе пропушти три натпревари и ќе остане без 291.807 долари, кои ќе му бидат одбиени од платата која му изнесува 14 милиони долари годишно.
- Според Билд, кошаркарот на Сакраменто и капитен на Германија го чекал Дончиќ во близина на паркингот, но потоа со помош на соиграчите и обезбедувањето бил испратен во автобус.
- Двете ѕвезди влегле во жестока расправија за време на мечот, кој Лејкерси го добија против Кингси со 125:101. Потоа тензијата продолжила низ ходниците.