Синот на Ибрахимовиќ тргна по стапките на Златан
11 јануари 2026
- Холандски Де Телеграф прв објави а потоа Џанлука Ди Марцио пренесе интересна вест: син му на Златан Ибрахимовиќ Максимилијан Ибрахимовиќ оди на позајмица од Милан во Ајакс.
- Досега 19-годишниот Максимилијан кој е роден во 2006-та во шведскиот град Лунд, постигнал сезонава 5 гола и 4 асистенции за младинскиот тим на Милан предводен од некогашниот бек Масимо Одо.
- Познато е дека славната кариера на Златан Ибрахимовиќ започна преку Малме токму во Ајакс каде имаше незаборавни настапи и од каде тргна во големите светски клубови.