Книгата на Рој Шварц, „Дали Супермен е сунетисан: комплетна еврејска историја на најголемиот херој на светот“ е добитник на наградата „најчуден книжевен наслов на годината“.
Признанието со официјално име The Diagram Prize го доделува списанието Букселер, а победникот се одредува по пат на јавно гласање. Во најтесен избор оваа година влегоа и други интересни наслови, меѓу кои „Облините за математички љубопитни“, „Необични шапки: многу неприродна историја“, „Животниот циклус на руските нешта: од рибји утроби до Фаберж“ или „Наставничке, ич к*р ме боли: соочување со лошо однесување во училиштата“. Сепак оваа со Супермен добила 51% од гласовите, а на натпреварот гласале повеќе од 11.000 луѓе.
Авторот на наградениот наслов го истражува создавањето на митот за Супермен за кого тврди дека е базиран врз Мојсеј, а дека силата му е од Самсон. Еврејското наследство го пронаоѓа практично во секој детал од ликот и делото на суперхеројот.
Наградата Дијаграм не е парична, туку авторот добива шише вино и публицитет поради смешниот или необичниот наслов. Шварц изјавил дека е искрено почестен и дека наградата е потсетник дека дури и на сериозната литература (веројатно мислејќи на неговата) ѝ е дозволено да биде забавна.