Bookbox

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Букбокс гледаше: „Саканиот“ (2026) или кога со скриени камери ќе ја снимиш првата средба на актерите кои добиле различно сценарио

Филм кој е омаж на филмските професии, особено на актерите. Ова го покажува почетната сцена во која режисерот Родриго Сорогоjен ги ставил Хавиер Бардем и Викторија Луенго пред камера како татко и ќерка што одамна се отуѓиле, без притоа да ги запознае. Од таа непријатност — од обидот да се воспостави близина без однапред изградена актерска хемија — стигнал до поголемите теми на филмот.

Најшокантниот театар на светот чии драми биле базирани на црна хроника

Се викал Гранд Гињол, а во него се прикажувале реалистични хорори и претстави со многу секс. Каде, ако не во Париз.

Дали детето ви е пиреј или орхидеја?

Eдните уште од раѓање се отпорни, храбри, самоуверени. Други ги впиваат сите дразби од околината, пречувствителни се и тешко се прилагодуваат на нови ситуации. Еден педијатар ги нарекува деца-пиреј и деца-орхидеи.

„Серотонин“ од Мишел Уелбек

Помалку од еден месец од излегувањето на седмиот роман на Уелбек во неговата родна Франција, заедно со италијанскиот, шпанскиот и германскиот, а многу пред англискиот превод кој ќе излезе дури во септември, го имаме македонското издание. Повод за привремено покачен серотонин.

И глувците зборуваат, зарем не?

Еден вид глувци пронајден во шумите на Централна Америка има музички репертоар од скоро 100 ноти. Но Scotinomys teguina, или „пеечкиот глушец“, не е импресивен само заради неговиот вокален опсег, туку и заради брзите дуети со други припадници од својот вид, кои личат на човечки муабет.

„Последната прегратка на Мама“: емотивниот живот на животните

Oбично со „животно“ опишуваме човек без емпатија, кој е насилен, суров и без емоција. Можеби би требало да го ревидираме овој стереотип, имајќи ги предвид доказите дека дури и еден стаорец може да има повеќе чувства од некои луѓе. 

Сексуалниот прирачник популарен во Југославија во 1939

Веројатно нема повозбудлив времеплов од оној на прелистување стари весници. Иако во случајов се работи за дигитална архива на дневни изданија од времето на Кралството Југославија (1939), на која ѝ недостасува тактилноста на допирот на старата хартија и нејзиниот мирис, некои од објавите се крајно интересни не заради дневно-политичките настани кои ги опишуваат, туку затоа што одразуваат културни ставови и вредности.

Што е точно тоа „креативно“ пишување?

„Никогаш не сфатив зошто Хомер се смета за креативен, а Платон не. Зошто лошиот поет е креативен писател, додека добриот научен есеист не е?“ Умберто Еко се обидува да одговори на прашања кои и нас нè мачат долго време.

Атињаните ќе оживеат река крај која предавал Сократ

Има една изрека, дека водата „секогаш си го наоѓа патот“ и дека дури и кога човек мисли дека ја скротил таа може да избие на неочекувани места. Во случајов се работи за цела река.

Како изгледале „Алиса“ и „Хамлет“ на стенограмски?

Стотици години пред употребата на диктафоните и компјутерите, огромен број судски документи, преписки, новинарски текстови итн. најпрвин биле запишувани со помош на „зипувачка“ техника, а потоа транскрибирани со асална ортографија. Стенографијата била толку популарна во англиските говорни подрачја во 19 век, што биле објавувани и цели дела напишани со стенограми.

Kога Дикенс сакал да ја смести жена си во лудница (затоа што си фатил помлада)

Врска која почнала со писма кои почнувале со „мое најдраго прасенце“ драстично се променила кога по дваесет години брак славниот писател се заљубил во тогаш 18-годишна актерка. За да биде сигурен дека ќе се отараси од сопругата, тој ја обвинил дека e луда.

„Белото“ во културата: од Фројд до Аца Лукас

26.2, попознат како роденденот на Џони Кеш, ќе гo поминеме во пригодни активности. Не дека други денови не му ги слушаме песните во кои се мешаат само навидум некомпатибилни теми: Бог, убиства, љубов, дроги. А последнава е со долга историја во уметноста.

Живата храна како цивилизациска придобивка

Неколку зрна ориз и грашок брцнати во вода. Свежо овошје и какао. Тешко дека може да те најадат, но овие живи производи штедат и пари и време, и на крајот можат да резултираат со поправедно и почовечно општество. Така барем верувал Ганди.

Оливија Колман: од компир до Оскар

Помеѓу изненадувањата кои се случија на овогодинешното доделување на престижната награда, едно сигурно долго ќе се памти - тоа што до сега седум пати номинираната и фаворизирана Глен Клоуз сепак не ја доби. Но затоа пак Колман си заслужи посебен Оскар, за најчовечки говор.

Оскарите погледнати низ очите на еден етнолог

Кога ќе се спомне „фолклор“ обично се мисли на луѓе во народни носии кои играат пајдушко. Ама ако тие носат познати модни брендови, ја пеат „Шелоу“, и веруваат во Оскаровска клетва, тоа пак е фолклор.

Кога „дебел“ станало навреда?

Ниту една друга телесна состојба - сексуална ориентација, зависност, болест - не е толку долгорочно демонизирана во западната култура како вишокот килограми. Нова книга се обидува да покаже зошто.

„Земја“: нова бесплатна интерактивна книга на НАСА

Новото издание на НАСА - книга со фотографии - има 168 страници кои содржат прекрасни слики на Земјата од перспектива на сателитите кои кружат околу нашата планета.

Сите сме пиони во шемата на надзорниот капитализам

Кога гугламе, не сме само оние кои пребаруваат, туку сме и пребарувани. Кога оставаме дигитални траги на Фејсбук или Твитер, на овие компании им нудиме куп податоци, кои се дел од затскриена економска шема. Во неа овие податоци се „само месо дома дошло“ - бесплатен ресурс за предвидување на нашите однесувања и за нивно манипулирање.

Доста беше со „позитивни“ мисли: оваа книга сака да се лутите

Наместо да се трудиме по секоја цена да си ги потиснеме негативните чувства и со сила да му се радуваме на животот, како би било да си кажеме што ни лежи на срце? Нова книга со активности го овозможува токму тоа. 

Интерактивна мапа на човечки звуци: воздишки, мрчење, насмевки

Прашањето околу тоа кога се развил јазикот е прилично тешко да се одговори, меѓу другото и бидејќи не е баш јасно што се мисли под „јазик“. Пред граматиките и синтаксите, хоминидите како и другите цицачи денес, и добар дел од нецицачите, имале невербален јазик со кои се комуницирало подиректно и...почесно.

Дали Оскарот за најдобро сценарио всушност e книжевна награда?

Дали сценаријата треба да се оценуваат врз основа на нивната веќе екранизирана верзија, или треба да се читаат независно од конкретната продуција? Како што стихови од пеена песна може да звучат многу поинаку кога се рецитираат, така и сценаријата често откриваат аспекти кои филмовите ги пресокнуваат или ги „поклопуваат“ со визуелното.

Дали сте подготвени за дигитален минимализам?

Нова книга на Кал Њујпорт повикува на фокусиран живот во бучен свет. Фино, ама како?

Будалица, Зликовац, Судар и Лешина: смешни презимиња од Балканот

Еден од колумнистите кои често ги читаме во Њујоркер се вика Адам Гопник. Презимето звучи некако фино, и некако руски. Второто е точно, но првото не е.