Изданието под наслов „Земја“ за 53 долари е достапно во верзија на хартија, постои интерактивна онлајн верзија, како и бесплатната верзија во форма на е-книга. Таа се состои од неколку поглавја: атмосфера, вода, почва, снег и мраз.
Интерактивноста подразбира дека читателите можат да ја разгледуваат галеријата придружена со описи кои им даваат контекст на инаку прилично апстрактните слики. Такви фотографии има 69, а оваа на пример ја прикажува планината Килиманџаро во Танзанија, највисоката во Африка. Нејзиното подножје е жешка и сува савана, потоа настапуваат дождовните шуми за на крај да се стигне до карпест и снежен врв.
Зошто НАСА би делела бесплатно нешто што изгледа како производ во кој е вложен голем труд и ресурси? Па, агенцијата се надева дека книгата ќе „инспирира истражување, разбирање и почит кон планетата која ја нарекуваме дом“.
Фотографиите заради високото ниво на апстракција функционираат и како уметнички слики. На пример оваа, која го прикажува сулфурот и планктонот на брегот на Намибија.