Во 1919, само неколку месеци по Првата светска војна, во еден американски весник се појавил изразот „Втора светска војна“. Оксфордскиот речник на англискиот јазик го опишал како „референца на замислена идна војна која е поттикната од општествената вознемиреност по Првата светска војна“. Но дваесет години подоцна, настанот веќе не изгледал толку имагинарен.
Во долното видео уредничка на сајтот Ментал Флос прави преглед на уште 99 зборови кои се стари цел еден век. „Балетоман“ - човек кој многу сака балет, „питер-панство“ како обвинување на некој дека се однесува инфантилно (а е возрасен), „суперсоничен“ како повисок звук од оној кој можат да го слушнат луѓето, француското „писоар“ - јавно машко ВЦ и „полифилопроџенитив“ кое му се припишува на поетот Т. С. Елиот, а значи „да си способен да направиш многу деца“. Ова се само некои од примерите на сто години старите зборови, кои кажуваат многу за тоа како се размислувало и говорело aнглиски пред еден век.