Bookbox

Во доцниот 19 век, група германски доселеници тргнала кон Парагвај со амбициозна, но мрачна идеја – да создаде „нова Германија“, изолирана колонија наменета за таканаречената „ариевска раса“. Проектот, воден од Бернхард Ферстер и неговата сопруга Елизабет Ферстер-Ниче, сестра на филозофот Фридрих Ниче, бил претставуван како утописки рај, но брзо се претворил во приказна за сиромаштија, болести, разочарување и пропаст. Иако нивната визија пропаднала уште во 19 век, местото Нуева Германија и денес постои, носејќи го товарот на едно необично и контроверзно минато.

Зборот „сикофант“, кој денес во повеќе јазици е преземен со значење човек што лицемерно им ласка на моќните и богатите за лична корист и кодоши други, има необично потекло и тоа директно од античка Грција и од трговијата со еден од најважните производи за тогашната економија.

Писател? Ако, нешто да се работи

Покрај малиот број автори кои „успеваат во животот“ и можат не само да се издржуваат туку и добро да печалат од својата работа, мнозинството кои пишуваат затоа што не можат а да не го прават тоа работат нешто друго во таканаречениот секојдневен живот. Голем број од нив биле толку сиромашни што да можат да се разбудат денес би се чуделе што во меѓувреме нивните книги станале класици.

Букбокс гледанка: „ДТФ Ст. Луис“ (серија, ХБО, 2026)

Ретко ни се случува да не знаеме како да почнеме осврт, но тоа обично е добар знак - дека нештото е повеќеслојно, тешко за доловување низ рационалните алатки на текстот и такво кое мора самиот да го видиш за да сфатиш за што воопшто станува збор. Со тазе изгледана последна епизода од нешто што и не веруваме дека би имало следна сезона, почетокот би можел да гласи - догледајте го ова и покрај тоа што на моменти ќе сакате да го од-видите.

Замислете сите голи слепи кучиња да живеат во мир

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

На 89 почина првиот човек дијагностициран со аутизам

Стручна статија од 1943 зборувал за случајот на „Доналд Т.“, едно од тогаш 11-те деца во студијата со „аутистични пореметувања како резултат на афективен контакт“. Неговото име било подзаборавено, сè додека во 2010 новинари не влегле во потрага по „Случајот број 1“. 

Букбокс гледаше: „Деновите“ (мини-серија, 2023)

Повеќето критики кои излегоа веднаш по премиерата на „Деновите“ на Нетфликс овој месец уште во воведот најавуваат - „не е како онаа за Чернобил“. И навистина, иако станува збор за различни контексти, па оттаму споредбата можеби и не е сосема фер, таа разочарува со своето фокусирање на техничките детали, а притоа многу малку гради реални човечки ликови и нивни приказни. Можеби токму поради она стереотипното јапонско - давањето предност на колективната приказна пред поединечните.

Сара Снук од „Сксешн“ ќе игра 26 улоги во поставка на „Сликата на Доријан Греј“

Прв пат по нејзината појава на лондонската театарска сцена во 2016, кога заедно со Ралф Фајнс играше во „Мајсторот ѕидар“ на Ибзен, Сара Снук ќе игра во нова сценска адаптација на романот на Вајлд од 1890.

Гуштерите можат (буквално) да ја намирисаат величината на своите ривали

Во свет на брутален натпревар, собирање на разузнавачки информации за опонентите знае да биде работа на живот или смрт. Еден вообичаен рептил наречен „ѕиден гуштер“ користи прилично лукава тактика за оваа цел.

Дали треба да читате иста книга повеќе пати?

Дали сте некој што чита голем број книги и ги довршува без оглед дали ви се допаѓаат или не, или пак порадо би ги читале одново и одново најдобрите на кои сте наишле до одредена возраст (на пример до 50-тата најдобрите 100). Мозокот си има свој мемориски капацитет, еквивалент на 3 милиони часови ТВ серии. Тоа изгледа многу, но кога на книгите и сериите ќе се додадат и сите други нешта кои треба да ги памтиме, мозокот лесно се „прегрева“.

Лудакот во Белата куќа: кога Фројд го анализирал психолошкиот профил на Вудроу Вилсон

Иако „лудак“ е веројатно пресилна дијагноза, мал број американски претседатели имале толку контрадикторно однесување колку Вудроу Вилсон. Фројд бил мотивиран да напише книга на оваа тема, но таа од калкулантски причини на нејзиниот ко-автор останала необјавена до доцните 1960-ти.

На врвот на светот - потсетување на вештината на седење на јарболи

Има многу други нешта што светот ги памети од лудите 1920-ти. Но тогаш земал замав и еден откачен тренд кој е подзаборавен, а вклучувал ексцентрични забавувачи и „обични“ луѓе кои преку ноќ станале славни само затоа што седеле на високо. И тоа со недели.

Кога Матис на 90 години си направил свој „базен“ во дневна

Летото 1952, славниот сликар Анри Матис отишол на својот омилен базен во Кан. Му пречела гужвата, жештината, вревата. Се вратил дома и си направил свое мирно базенско катче.

Гејмање во Британската библиотека

„Дигитално раскажување“ е нова изложба која покажува како интерактивната технологија влијае врз начинот на кој ни раскажуваат или ние создаваме и пренесуваме приказни.

Букбокс гледаше: „План 75“ (2022)

Овој јапонски филм беше прогласен за победник на неодамна одржаниот Филозофски фестивал во Скопје. Зборувајќи за свет во кој нема место за остарените, тој всушност длабоко задира во начинот на кој општеството ги вреднува своите до скоро највредни поединци - прогласувајќи ги за „вишок“ и поттикнувајќи ги на доброволно самоубиство за општо добро.

По повеќе од половина век конечно објавени фотографиите од Македонија на Нил Фолберг

Веста за промоцијата на фотомонографијата „Огледало во Македонија“ на Нил Фолберг на 19 јуни во 19 часот во МКЦ деновиве ќе ја сретнете на повеќе портали. Но во неа недостасуваат најинтересните детали за тоа како после 50 години воопшто се случи некогашниот американски студент повторно да се поврзе со нашата земја. 

Истоштени и исцедени - уморот низ историјата

Неодамна излезе книга  на францускиот историчар и социолог Жорж Вигарело која го анализира феноменот на уморот од средниот век до денес. Без оглед за кој период станува збор, чувството на истоштеност кое го навјасува духот и ни ја влече снагата надолу е исто.

Неродени бебиња, канабис и коњска сперма: некои од најбизарните звуци кои се користат во современата музика

Од звуци на садници канабис до врескачки пауни, проголтани микрофони и бебиња во матка, постојат музичари кои ги отфрлаат „обичните“ инструменти и звуците кои можат да се добијат со компјутери. Нив ги интересира нешто...поинакво. 

Очајни мерки за очајни времиња: како производителите на алкохол си ги криеле трагите за време на прохибицијата

Ова на фотографијата не е некаква импровизирана платформа за добивање на висина (како оние што викаа дека ги носел за сликање поранешниот француски претседател Саркози). Ова е за буквално покривање на траги на илегални производители на алкохол за време на прохибицијата. А може да послужи и за криења од секаков друг вид.

Кога концерт на Елтон Џон бил прекинат поради напад на - штурци

Несаканото присуство на концертните сцени на разно-разни сталкери, добронамерни но агресивни обожаватели или просто егзибиционисти се спречува со ангажирање обезедување или со физички бариери. Но ова важи само ако напасникот се движи по земја. 

Toме те збори низ град: интересната приказна зад еден познат коктел

Именуван според „местенка“ што била модерна во Њујорк во 1874, „Том Колинс“ и до денес останал еден од класичните коктели со џин.

На 90 Mајкл Кејн објавува дебитантски роман

„Смртоносна игра“ е наслов на првиот роман на славниот актер, во кој главен лик е поранешен полицаец по име Хари кој се обидува истовремено да излезе на крај со пребогати Руси, неонацисти и колумбиски нарко-картели. 

Нов мјузикл ja раскажува вистинската приказна за пронаоѓањето на структурата на ДНК

Претставата „Двоен хеликс“ ѝ оддава признание на Розалинд Френклин, чии истражувања биле од огромна важност за откривањето на структурата на ДНК. Нејзините машки колеги, кои ја добија Нобеловата токму за истото, не ја спомнале ни постхумно. 

Микро-ракописот на швајцарски писател за кој биле потребни четири децении дешифрирање

Ликот и делото на Роберт Валзер се енигматични по повеќе основи. Но петстотините страници пронајдени по неговата смрт до 2000-тите содржеле „код“ кој неговите проучувачи едвај успеале да го пробијат. 

Букбокс гледаше: „Сладок грав“ (2015)

Топла приказна за моќта на поврзување на храната и традицијата. Поголем дел од филмот изгледа како реално шоу за готвење, со спори и тивки сцени кои што се однесува до нас можеле да го сочинуваат и целиот филм. После него може ќе се фатите за работа - да направите „дорajaки“, јапонска палачинка со фил од сладок грав. 

Канон 35 или американската традиција по судовите да има цртачи место фото-репортери

Веројатно најфасцинантното за илустрациите од важните судски процеси во САД е што тие сè уште постојат. Пастел на хартија изгледа како архаичен начин на документирање на некои од најважните правни настани на нашето време. Камерите се побрзи и попрецизни отколку човечките илустратори. Па тогаш, зошто се сè уште актуелни?

„Помирисај ги магарињата“ - сетилни ознаки за културното наследство

Ок, фино е да знаеме дека „во оваа куќа се родил тој и тој, таа и таа година“. Ама натписите кои го означуваат културното наследство не мора да се толку формални, полни забрани и исклучиво со историски податоци. 

Леопарди, нилски коњи и мачки: првата зоолошка во светот

Иераконполис, главниот град на Горен Египет во текот на прединастичкиот период е место на првата зоо-градина во светот. Погребани заедно со елитните членови на општеството, археолозите тука пронашле коски од бабун, слон кој бил украсен (нашминкан) со бои и дотеран со ѓердани и алки, бројни мачки и кучиња, леопард, два крокодила, истребени видови диви волови, нилски коњи, газели и други животни.

Алис Ремзи - првата жена која со автомобил извозила од еден до друг крај на САД

Во јуни 1909, Алис имала само 22 години, а автомобилите биле сосема нов изум, со клупи наместо седишта. Авантуристка по дух, таа поканила уште три другарки и на еден дождлив ден во јуни тие тргнале од Њујорк кон другиот крај на Америка.