„Храбро розеникаво-црвена“ е еден од можните описи на Вива Магента, која има по „суво“ официјално име - Пантон 18-750.
Компанијата за бои повеќе од две децении, од 2000-тата, при крајот на тековната година ја објавува својата боја на идната. Ова го прави следејќи ги актуелните трендови во модата, ентериерот, филмот, технологијата. Ова значи дека бојата на некој начин го отсликува расположението барем на тој дел од културата.
Вива Магента е опишана како „пулсирачка боја чија динамичност промовира радосна и оптимистичка прослава, пишување на нов наратив“. Во соопштението на компанијата се појавуваат и зборови како „храбра“ и „моќна“.
Со својата живост, ова е поинаква боја од оние кои Пантон ги промовираше во последните неколку години. Во 2020 тоа беше класично сината, релативно темна боја која требаше да обезбеди „чувство на спокојство на човечката душа“ (и ова е пред пандемијата). Во пресрет на 202 беа понудени две бои - една весело жолта а другата „ултимативно сива“. Лани „победник“ беше „Вери Пери“, сино-виолетов „симбол на глобалниот цајтгајст на транзицијата низ којашто поминуваме“.
Интересно, но технички магентата не е „реална“ боја. Причината е што таа нема соодветна бранова должина, па се должи на впечатокот кој се добива кога во окото доаѓаат зраци со неколку различни бранови должини. Во случајов тоа е „она место каде сината се прелева во црвена“.