Човекот се вика Анџело Јуркас, по професија e правник, а инаку еден од најактивните хрватски музички новинари од помладата генерација. Има напишано и неколку книги со кои го привлече вниманието во регионот - „Без рок на траење - музичко дешифрирање на Балканот" и новата „Саундтрак на животот - самопомош со музика", која содржи и ЦД со негови авторски дела. Песната која ви ја претставуваме е токму од овој албум. Спојувајќи ги Штулиќ, Хуљиќ, Стублиќ, Рундек, Партибрејкерси, Мишо Ковач, Јуркас не само што прави омаж на екс-ју сцената, туку и како да вели - аман више од овие, дајте нешто ново. И после иди стави нешто од Азра на Фејсбук, да те видам..