„Чајанка“ - изложба на Емилија Сандиќ во „Шума“
2 ноември 2026
- Во среда, 4 ноември, со почеток од 19 часот, Концепт кафе Шума ќе биде домаќин на уникатна фотографска изложба насловена „Чајанка“, чија авторка е истакнатата млада визуелна уметница Емилија Сандиќ. Настанот се организира во рамките на активностите на Зрно фестивал, посветен на промоција и истражување на алтернативните фотографски процеси.
- Серијата фотографии е настаната во процес на истражување на ретката и фасцинантна техника mordançage — алтернативна фотографска постапка во која фотографската емулзија, под дејство на специфични хемикалии, се разградува, се подигнува од хартијата, се разлева и се трансформира – слично како што се подготвува чај. Преку оваа материјална промена, Сандиќ го истражува деликатниот однос помеѓу контролата и случајноста, како и меѓу стабилниот и променливиот слој на фотографијата.
- Со изборот на мотивот — растенија од кои се подготвува чај — во центарот на фокусот е ставен процесот на инфузија: моментот во кој врелата вода ја покренува трансформацијата, извлекувајќи боја, трага и мирис од сувата материја.