Bookbox

Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него. 

Морничавите вистински приказни на Филип Боксо (Philippe Boxho) и претходно беа популарни. Но неговата најнова книга од трилогијата, која е оценета како најбизарна и најлуда до сега, е продадена во 300.000 примероци и наскоро ќе биде преведена на 30 јазици.

Книжевна препорака на денот

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Шарлот, Емили и Ен не се ни Бронт, ни Бронте, туку Бронти?

Денес, 26.09., излезе вест дека е исправена грешка направена уште пред 85 години, со тоа што во Поетското катче на Вестминстерската опатија презимето на сестрите кои на македонски (српски, бугарски) ги знаеме како БронтE биле напишани без две точки врз е-то. На англиски без тие ознаки некој може да го прочита презимето како „Бронт“, а всушност е Бронти.

Човекот кој пред еден век го измислил скијањето на вода

Пред 100 години Ралф Самуелсон успешно ги поминал водите на езерото Пепин во Минесота на скии. Така се родил еден од најсаканите водени спортови. 

Едно возење со точак што го инспирирало пронаоѓањето на ЛСД

Во 4:20 попладне на 19 април 1943, еден швајцарски хемичар eкспериментирал со нешто што подоцна ќе стане познато како ЛСД, запаѓајќи во „не многу непријатна интоксицирана состојба, карактеризирана со екстремно стимулирана фантазија“. Бидејќи не бил баш во состојба да си појде дома сам, го замолил својот асистент да му помогне да појдат заедно со точак. Останатото е историја.

„Зошто го мразам чичко ми“ од Вилијам Хитлер

Редок сочуван примерок од американското списание „Лук“ од 4 јули 1939 денес ќе ве чини 950 долари. Зошто? Затоа што содржи статија од шест страници илустрирана со фотографии од Вилијам П. Хитлер, под прилично емотивен наслов. Во неа внукот на фирерот изнесува пикантни детали од приватниот живот на својот чичко.

Дали ни е потребна нова теорија на еволуција?

Нов бран научници тврди дека на моменталната теорија на еволуција ѝ е потребна итна ревизија. Оние кои се „мејнстрим“ ги отфрлаат овие колеги како кариеристи, па дури и (иронично) како „богохулници“. Но овој конфликт може да ја одреди иднината на биологијата.

Рапамицин - приказната за „еликсирот на младоста“ од Велигденските острови

Звучи како приказна од роман, а вклучува микробиолог од Индија, случаен наод во почва на Велигденските острови и откритие на молекула која помага во спречување на растот на клетките на рак и на стареењето. Сето тоа само поради тврдоглавост на еден човек, кој епруветите со прашината ги чувал во својот домашен фрижидер за длабоко, веднаш до сладоледот.

Најчудната граница на светот?

Под „чудна“ се мисли на комплицирана, бидејќи линијата е толку закривена што ако човек вози точак долж неа де е во една држава, де во друга. Оваа граница отсекогаш се наоѓала на крстосницата на историјата. 

Букбокс репортажа: Изложба „Светот на Леонардо“ во Милано

Отворена во 2013, изложбата требаше да биде привремена, но од минатата година прерасна во музеј. Во постојаната поставка се поместени над 200 интерактивни 3Д машини и физички реконструкции на човекот кој не залудно го нарекуваат гениј.

Кога Верди отворил дом за пензионирани музичари

Има убаво име - Каза ди рипосо, или куќа за одмор. Всушност станува збор дом за пензионирани оперски пејачи и музичари во Милано. Го основал Џузепе Верди, а тука се наоѓа и неговиот гроб. Проектот го сметал за свое животно дело, а тука и денес се сместени педесетина возрасни музичари. 

Што значи ако нешто е „веројатно“ или „има шанси“ да се случи?

Некои зборови во колоквијалниот говор се доволно прецизни да искажуваат некаква тенденција. Но истовремено се крајно субјективни, па разликата во интерпретацијата на нивната тежина може да претставува голем проблем. Истражувачите и тука пронашле родови разлики.

Букбокс гледаше: „Капетанот“ (2017)

Неверојатна вистинска приказна за германски дезертер од Втората светска војна, кој по склоп на околности наоѓа капетанска униформа и почнува да глуми oфицер на Луфтвафе. Како што влегува во улогата, така почнува да презема сè порадикални чекори. 

Автобиографија напишана на чаршаф од брачен кревет

Гратчето има нешто над 3000 жители, лоцирано е 43 километри источно од Фиренца и се вика Певе Санто Стефано. Освен што е дел од прекрасната Тоскана, ова гратче не би било познато по ништо посебно доколку тука не се наоѓа една специфична архива. A во неа 9000 дневници и една посебна автобиографија.

Зошто викинзите биле закопувани со друштвени игри

За да имаат со што да се занимаваат на оној свет, викинзите биле закопувани со древна друштвена игра позната како „нефатафел“. Долго време во преводите на сагите таа била погрешно толкувана како шах. 

Операција „Мелено месо“: како една апсурдна измама помогнала во победата на сојузниците во Втората светска војна

Нов филм фрла светлина на помалку позната епизода од Втората светска војна, резултат на сложена измама планирана од Британците, која во секој момент можела да тргне наопаку. Целта била да се отргне вниманието на Германците од планирана инвазија на Сицилија, а наместо тоа, преку шпионски канали, да се пласира доволно убедлив „таен“ план за навлегување во Европа преку Грција. Иако на почеток звучел бизарно, планот успеал да спаси десетици илјади животи и да го промени текот на војната. 

„Борген: моќ и слава“ или политички интриги со вкус на нафта

Политичката драма која прв пат се прикажа во Данска во 2010 имаше три сезони, а во моментов на Нетфликс се прикажува четврта, која додуша оди под засебно име. Уште тогаш, пред дванаесет години, беше јасно дека креаторот Адам Прајс има некаква способност да ги предвиди (или да влијае) врз политичките настани во земјата. Сега некои референци исто така бизарно оддекнуваат, иако не се нужно поврзани со реални настани. 

„За да ослабеш мачкај се со кравји лепешки“ и други бизарни совети од средниот век

Колку и да сакаме да мислиме дека сме понапредни од луѓето во „мрачниот“ среден век, всушност и не сме толку различни. Советите кои тие си ги споделувале и денес имаат еквивалент во рубриките кои обично завршуваат на „дното“.

Ако си ја мразите работата, ѕирнете ги овие книги

Сте работеле како пештерски човек во тематски парк? Сте пишувале флаерче со совети за самопомош кое е дел од пакет крекери? Овие, и уште куп работни места кои не може да се каже дека го исполнуваат човечкиот дух со ентузијазам и чувство за мисија, може да бидат антидот на нашата разочараност од сопствените aргатувања.

Нова видео игра базирана на поезијата на Емили Дикинсон

Се вика „ЕмилиБластер“ и како што асоцира и самото име е направена во стилот на оние „пињау-пињау“ игрици од 1980-тите. Само овде се пука со пердув и мастило и се составуваат стихови.

Вехбо Маљевац или приказната за највисокиот Југословен

Бил висок 2,29 метри, а според некои дури 2,34. Кога ќе се појавел на корзо, и чаршијата и партијата му биле до пазуви. Вехбо бил повлечен и не уживал во својата „слава“ која всушност му носела повеќе неволји. A негов човечки „контрапункт“ бил Мишо Џуџето.

Кога Линколн одбил да ја насели Америка со слонови

Кога нов претседател ќе стапи на должност, вообичаено е да добива дипломатски поздрави, подароци и политичка поддршка. Но кога администрацијата на Линколн влегла во Белата куќа таа одбила подарок кој можел да испадне многу интересен: шанса да ги насели САД со диви слонови.

Умберто Еко: Како да не дознаеш колку е часот?

Скапите часовници не служат за да го мерат времето. Како и целата индустрија од информации, тие ризикуваат да не кажат ништо, затоа што кажуваат премногу. Барометарски притисок, надморска висина и длабочина на морето, хронометар, термометар, сите часовни зони, осум будилници, калкулатори. Во сето тоа најмалку битно станува прашањето - колку е часот?

Американскиот град познат како „Мека на разводите“

Сијукс Фолс е најголемиот град во Јужна Дакота. А во него има зграда која некогаш била судница, каде се слевале незадоволни сопружници во потрага по едноставен крај на своите бракови. Новинарите од 19 век го нарекувале местото „колонија на разводи“.

Букбокс читанка: „Сите деца на Луи“ од Камил Балук

Во 1980-тите и 1990-тите холандскиот доктор Јан Карбат раководел со најголемата клиника за плодност во Холандија. Кога неговото име се прочуло во светските медиуми тоа сепак не било поради некаков нов успешен метод на зачнување, туку поради куп скандали. Токму за оваа вистинска приказна зборува дебитантска книга на млад полски автор базирана на неговите долгогодишни истражувања на случајот.

Како изгледа демократија која не вклучува само луѓе?

Под вклученост на „не-луѓе“ во демократските процеси не мислиме на метафорични мајмуни и овци, туку на вистински животни, екосистеми и вештачка интелигенција, кои би овозможиле политиката која во моментов е хуманоцентрична, да биде вистински планетарна.

Кога мнозинството вештерки биле мажи

Првата асоцијација за човек што се занимава со црна магија е дека станува збор за жена. Таквата слика е промовирана во поголемиот дел од католичка и протестантска Европа, каде независните жени се држеле во подјарменост преку вакви обвинувања. Но во православна Русија, голем број од обвинетите биле мажи, со поинакви идеи за тоа од каде потекнува моќта на магијата.