Долга е само 50 метри, но една од најнеобичните граници во светот е де во Белгија, де во Германија. Па пак во Белгија, па Германија. Целиот регион повремено бил многу важно европско боиште и место на средба на културата и географијата.
Денес тоа е тесна велосипедска патека која следи железничка линија изградена во 1899 наречена Венбан, која ги спојува Ашен во Германија со Луксембург. Била изградена од пруската државна железница за превоз на железо, јаглен и челик, и го овозможувала индустрискиот развој на овој регион. Во текот на Првата светска војна, пак, служела за пренос на воени потреби.
Кога војната завршила, со Договорот од Версај од 1919 на Белгија ѝ е доделена спорна германска територија, заедно со железничката линија и пругата која минува низ неа. Тоа го вклучила коридорот од 28 километри кој оставил неколку „џебови“ германска земја комплетно одделени од остатокот од земјата. Еден дел кој бил анектиран од Белгија во 1958 бил вратен на Германија, но други пет останале како „енклави“, острови целосно одделени со други територии. Денес, една од енклавите покрива само 1,5 хектар и на неа има една единствена фарма. Други се мали градови или делови од села.
Но денес границата е активна откако во 2013 тука е направена велосипедска патека долга 125 килиметри, која се протега преку Германија, Белгија и Луксембург. Велосипедистите од цела Европа доаѓаат за да вртат педали низ средовековни градови, природни резервати и селски имоти.
Жителите не ја ни забележуваат границата. Еден германски поштар, на пример, мора секој ден да мине низ Белгија за да донесе пошта до мала германска населба. Единствен проблем направи пандемијата, кога тие беа потсетени дека не живеат во иста земја, со оглед на различните Ковид мерки во секоја од нив.
Историски, регионот отсекогаш бил на крстосницата на историјата. Карло Велики владеел од Ахен, каде започнува Венбан. Наполеон наредил изградба на пат кој ги поврзува градовите подоцна поврзани со железницата. Хитлер го окупирал регионот и самата железница во 1940, а велосипедистите се уште можат да ги видат бариерите кои биле дел од одбраната на Третиот Рајх против навлегувањето на сојузничките тенкови. Четири години подоцна, американските трупи пристигнале до енклавата Ретген, која станало првото германско село ослободено во текот на Втората светска војна.
По војната тука се случувале и други нешта. Локалците сфатиле дека можат да заработат со криумчарење зрна кафе од Белгија во Германија, каде цените биле три пати повисоки. Така, регионот добил нов прекар, „граница на гревот“. Сепак, денес локалците ги советуваат велосипедистите ако имаат некаков проблем да се јават на германската страна, затоа што така помошта побрзо ќе стигне.