Bookbox

Постојат книги што не се обидуваат да нè убедат дека светот е поедноставен отколку што е. Напротив, тие нè потсетуваат дека зад секојдневието можеби се крие нешто што одамна сме го заборавиле. Таков е овој роман на канадскиот писател Дру Хајден Тејлор – топла, духовита и мудра приказна во која реалноста и домородните легенди се испреплетуваат толку природно што на крајот човек почнува да се прашува дали навистина постои јасна граница меѓу нив.

Што ако интелигенцијата не е привилегија само на луѓето и животните со мозок? Што ако клетките, органите, па дури и едно растение имаат сопствен начин на „размислување“? Токму ваквите прашања ги поставува американскиот биолог Мајкл Левин – еден од најконтроверзните и највлијателните научници во областа на развојната биологија и регенеративната медицина. Неговите идеи предизвикуваат бурни дебати, но и отвораат сосема нови погледи кон животот, свеста и можностите на човечкото тело.

Смртта на еден ирски трубадур

Ирскиот музичар, кантавтор и добитник на „Оскар“ Глен Хансард, кој трагично загина во сообраќајна несреќа на 56-годишна возраст, зад себе остави богато музичко наследство и репутација на еден од најискрените современи трубадури.

Кога мртвото тело го посочувало убиецот

Во време кога форензиката не постоела, а науката сè уште не можела да понуди одговори, луѓето барале правда на необични начини. Едно од најраспространетите средновековни верувања било дека жртвата на убиство може, дури и по смртта, да го „обвини“ својот убиец.

Со лоша музика против омразата: бучавата како форма на отпор

Наместо со извици и судири, група дански музичари решија на говорот на омраза да му се спротивстават со импровизиран – и намерно лош – џез. Најчесто свират на собири кадешто говори одржува десничарскиот политичар Расмус Палудан.

Његош, Погорелиќ и Борјан Цанев

Во Котор пред неколку дена се одбележаа 200 години од раѓањето на Петар Петровиќ Његош. И тоа (ни) е важно заради неколку работи.

Филм за „киднапирањето“ на Уелбек

„Лошото дете" на француската литература, кого многумина го нарекуваат еден од најголемите живи романсиери, во 2011 не се појави на планирана промотивна турнеја во Белгија и Холандија. Се зборуваше дека е киднапиран. Па, бил ли?

Пеена наука

Хаи-Тинг Чин (Hai-Ting Chinn) , мецосопран од Њујорк, е позната по проекти кои истовремено ја промовираат класичната музика и науката. Еден од нив е пеење цитати од познати научници.

Која е „мајка Јана“, и зошто тиквите се шарени?

Eдна читателка ни прати клипче во кое Џорџ Карлин анализира секојдневни изреки од англискиот, кои според него баш и немаат некоја смисла. А што е со слични такви во македонскиот, кои извадени од контекст звучат не само неразбирливо, туку и смешно?

Хип-хоп како висока култура

Новиот спот за песната „Пикасо бејби" на Џеј-зи се снимаше оваа недела, во институција која не ви паѓа прва на памет кога станува збор за хип-хопот - Музејот на модерна уметност во Њујорк. Еве една анализа како би можел да биде протолкуван овој настан, и зошто тој е важен.

Како Вирџинија Вулф и пријателите ја зезнале британската морнарица

На 7. февруари 1910, Вирџинија Вулф и пет нејзини пријатели извеле нешто што денес би го нарекле перформанс, или ако сме реални - класична измама, ама со многу стил.

Моќта на поговорките

Неодамна во една од нашите бавчи излезе текст за негативното влијание кое поговорките можат да го имаат врз светогледот и начинот на однесување на поединецот, па и на цел народ. За да не излезе дека само ги кудиме, еве текст на Албахари за моќта на поговорките, ама во позитивен клуч. Некои од нив ни се и тоа како познати...

Свет кој дише

Синемаграфи, онакви гифови кои претставуваат статични сцени во кои се мрда само еден мал дел (на пример уши на маче или лажиче во шоља чај), сме виделе и порано. Но сега уметникот Зак Доерти им дава посебен живот.

Eротска литература за трето доба

Републиканката од Колорадо и кандидат за Сенатот, Џаксин Бјубис, е под удар на големи критики откако се дознало дека таа е анонимната авторка на еротски романи чии главни ликови се во третото доба. Но ова откритие отвори една поголема дискусија за овој жанр, кој е во подем.

Светото и смешното

Вчера ни тргна со научно-уметничките вицеви, па еве продолжение на темата. Дали религијата, во случајов христијанската, е нешто на кое можеме, и смееме да се насмееме? Еден германски теолог во мај оваа година објави книга токму со вакви, верски вицеви.

Kнига за деца на Џон Картер Кеш

Во пресрет на десетгодишнината од смртта на Џони Кеш, неговиот син ја издаде својата прва книга за деца. Лупус Рекс е посветенa на „сурово чесниот однос кон природата", кој таткото му го пренел уште во детството.

Читањето е добра работа

За оние кои и онака уживаат во читањето посебни аргументи за неговата корисност веројатно и не се потребни. За оние на кои им е неопходна наука за да се уверат во наведеното, еве компилација од истражувања на оваа тема.

Интелектуални вицеви

Има хумор кој не функционира во различни култури, за кој треба да имате инсајдерско знаење за да го сфатите. Но таков има и кај различните професии - од историчари на уметност до компјутерски гикови - и тој служи како добра проверка на вашата општа култура.

Библиотека на шини

Пред некој ден слушнавме дека се планира реконструкција на железничката станица во Скопје. Еве предлог што да се направи во културно-уметничкиот домен, од некоја стара композиција. И онака повеќето се такви.

Скратено ’the’

Славниот австралиски сопственик на ресторани Пол Метис измислил нов симбол за кој се надева дека ќе го замени зборот 'the' во пишуваната комуникација. Тој е хибрид помеѓу големо Т и мало латинично х, но неодоливо потсетува на една друга буква од нашето соседство.

6. јули - Меѓународен ден на бакнежот

Замислена категоризација на бакнежите и фото-илустрација на истите. Аирлија денов и...знаете што треба да направите за да го прославите, нели?

Изложба на упропастени дела во Тејт

Во лондонската галерија во октомври ќе се отвори изложба на дела кои биле распарчени, скршени или на друг начин намерно унакажани, и тоа заради идеолошки причини.

„РОДЕНИ ЗА ТРЧАЊЕ: скриено племе, суператлети и најголемата трка која светот ја нема видено“ од Кристофер МекДугал

„Што зборувам кога зборувам за трчањето" на Мураками, за која веќе пишував, не ме поттикна да почнам да трчам. Но затоа ме потсети на една друга книга на истата тема која подолго ми стоеше во е-ридерот, кого не научив да го засакам. Ја нарачав на хартија, и не зажалив.

Спилберг продуцира нова верзија на „Плодови на гневот“

Велат дека филмот на Џон Форд од 1940, правен според романот на Штајнбек, е една од најдобрите филмски адаптации на книжевни дела. Но Спилберг не се плаши од оваа квалификација, и воочи 75-годишнината од објавувањето на книгата ќе прави негов римејк.

Родителски состанок

Текстов има три добри страни - практична, книжевна и превентивна. Практичната е во тоа да ве утеши дека ако некогаш сте се осетиле глупо на родителска, не било до вас. Книжевната е во живописноста на опишаните карактери, кои секако ќе ги препознаете. А ако уште не сте почнале да одите на родителски, немојте да кажете дека не сме ви кажале како стојат работите.

Англиски збор во официјалниот речник на германскиот

Неодамна пишувавме за новиот феномен на „германг" - мешањето англиски зборови во германскиот, нешто што зема сè поголем замав. Работата дојде до таму што еден прилично „сочен“ англиски израз влезе директно во Дуден, германскиот еквивалент на Оксфордскиот речник.

Кафка за деца

Двете ќерки на Матју Рот, 34-годишен писател и дизајнер на видео игри од Бруклин, многу му досаѓале со прашања дур едно попладне се обидувал да прочита неколку реда од омилениот писател. Неговото решение - книга со неколку раскази на Кафка, прераскажани ко за петгодишни.