Во Лима, Перу, во барот „Ла Ноче" понеделник навечер е резервиран за еден нов вид забава, книжевно „борење" или Луча Либро. Дебитанти или нови имиња во светот на пишувањето ставаат на себе маски како професионалните кечери и се качуваат на сцена, каде седејќи на компјутер треба за пет минути да напишат краток расказ, врз основа на три случајно дадени зборови. Лаптопот им е врзан за огромен екран, па публиката може да го следи процесот, кој понекогаш оди брзо и дава одличен резултат, а понекогаш е вистинско мачење.
На крајот од секој меч писателот кој загубил (кој не успеал да напише расказ, или тој не ѝ се допаднал на публиката) мора да ја извади маската. Победникот оди во следната рунда, која се одржува една недела подоцна. Главната награда - договор за издавање книга.
Проблемот со тоа да бидеш издаден постои насекаде, па и во Перу, каде книгите се скапи и се објавуваат во мал тираж. Учесниците во ваквите натпревари често бираат и смешни прекари. Еден од нив, „Кокошка Вилсон" ги добива следниве три зборови: мајмун, авионска карта и речник. Водителот брои до три и времето почнува да тече. Сите се тивки до моментот кога Вилсон го фаќа криза и тој претстанува да пишува. Тогаш почнува навивањето, кое го мотивира да го заврши расказот, кој на крај е за мајмуни кои живеат во градот и некоја Американка на одмор во Перу.
Данте Трухијо, кој е сопственик на Солар, издавачката куќа која ќе го објави победникот, вели дека ова е интересен начин младите автори да ги почнат своите кариери. Но целта на овие настани не се состои само во тоа - работата е да се смени идејата дека книжевноста е досадна, таа да се претвори во настан.
Замислуваме некои од нашите автори качени на сцена со маска, и сето тоа некако ни има смисла. Ениуан?