Како заработувале Американците во текот на Големата депресија? Некои со продавање јаболки на улица, други напуштајќи ги градовите и почнувајќи да се занимаваат со земјоделие. Но некои се обиделе да се збогатат на друг начин: со решавање загатки.
На 5 септември во 15 часот, Томас Песке од меѓународната вселенска станица ќе прочита извадок од роман на Маргарит Дирас. Снимката потоа ќе се искористи за натпревар во коректно запишување, кој неколку години се одржува во Франција.
Славниот комичар почнал да се појавува во филмови - поточно во своите 40 филмови - во 1914, а веќе до 1915 во САД владеел вистински „чаплинитис“. Се појавиле куп имитатори, и биле организирани натпревари за најуверливи двојници. На еден од нив наводно се појавил и самиот Чаплин. Не завршил баш успешно.
За публиката и така и така. Ама кога солистот очекува дека ќе почне едно дело, а почнува друго, тој има многу малку опции на располагање. Главно се сведува на - и да погинеш, колку-толку ќе се спасиш.
Наспроти интуитивната претпоставка дека денешните деца, бидејќи по цел ден седат на компјутер и не читаат, не би знаеле да си го спелуваат ни името, оваа година дури осум од нив ја поделија наградата во натпревар кој се оддржува од 1925.
Ова сигурно не изгледа вака кај нас. Но во Њујорк и други делови на САД распоредувањето на книги за библиотечните ограноци се врши со машина која бара брзи раце и добри рефлекси.
Иако со противниците од Бундеслига понекогаш игра како против деца, Шинџи Кагава од Дортмунд имаше можност да се проба со 55 деца. А тој само со колегата Кијотаке.
Непосредната вест е следна: на четвртиот годишен избор на Г-дин Грд во Зимбабве се случиле нереди, бидејќи миленикот на публиката загубил од некој којшто бил - премногу убав.
Најџел Ричардс од Нов Зеланд е новиот победник на светското франкофонско првенство во Скребл. И ова не е вистинската вест, туку онаа дека тој воопшто не зборува француски.
Луча Либре е мексиканска верзија на кечерство. А Луча Либро е истото тоа, ама сам по сам, без тепање, туку со пишување. Мотото: „Твоите зборови се посилни од твоите удари“.
Пред да помислите дека е ова уште едно од оние квази-научни видеа, со снимки од магнетна резонанца кои прикажуваат флуоресцентни мозоци, дозволете да ви објасниме. Нема да зажалите.