Се раскажува како легенда или како некогашна новинарска патка. Во август 1920 во списанието The Straits Times од Сингапур излегол текст на оваа тема, во кој се вели:
Лордот Десборо, кој претседавал на вечера во Англо-саксонскиот клуб, раскажал приказна која сигурно ќе има долг живот. Изворот е госпоѓица Мери Пикфорд, која пак ѝ ја кажала на лејди Десборо. Чарли Чаплин бил на саем во САД, каде главна атракција била натпревар за тоа кој најдобро го имитира неговото одење. Вистинскиот Чарли Чаплин мислел дека има шанса и влегол во конкуренција, без да ги има на себе препознатливите мустаќи и обувките. Но не се покажал, и завршил на 20-тото место.
Варијанта на истата приказна се појавила и во новозеландски весник, и тоа истата година. А од таму најверојатно е препишана во австралискиот Albany Advertiser, од март 1921:
Неодамна во Калифорнија се одржал натпревар за двојник на Чаплин. Имало околу 40 натпреварувачи, а самиот Чаплин, на зафрканција, се пријавил под лажно име. Се потрудил да се имитира самиот себеси. Но сепак не победил - завршил како 27-ми.
Дали ова навистина се случило или не до денес не е јасно, но приказната живее како урбана легенда.
Претходно: „Чарли Чаплин - безмилосниот бизнисмен и егоцентрик?“