Bookbox

Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.

„Најисполнетите луѓе кои ги познавам имаат две особини. Тие се незапирливо љубопитни - за нови идеи, искуства, информации и луѓе. Истовремено, изгледа како да живеат во состојба на континуирана, самонаметната несреќност“.

Дали може да се фотографира дух?

Вилијам Хоуп тврдел дека може да го документира присуството на духови во моментот на сликањето. Контроверзните слики кои тој ги направил сега ни помагаат да ја разбереме историјата на фотографијата. 

Кога нацистите дошле на власт, овој еврејски актер ја презел улогата на својот живот

Откако бил избркан од германската сцена во 1934 од антисемитските струи, Лео Ројс нашол неверојатен начин да се скрие пред очите на сите. Се преправил во селанец од Алпите, пуштил брада, си ја обелил косата и почнал да добива улоги поради својата „аматерска автентичност“. Кога пак пребегнал во Холивуд, таму играл - нацисти!

Букбокс гледаше: „Не оставај трага“ (2018)

Прекрасен филм, направен според вистинска приказна, за татко и ќерка кои се обидуваат да живеат во шума, изолирани од институции, шопинг молови, компјутери и телефони. 

Книги кои никому не му се потребни

Во галеријата Art In General во Њујорк во тек е изложба на книги кои никогаш не биле позајмени од библиотеката на Центарот за фикција, невладина организација во САД која е посветена на промовирањето на белетристиката.

Поетски настроен Твитер

На многумина ова ништо нема да им значи, но Твитер се поднови со една навидум проста, но до сега непостоечка опција - нови редови!

Омилениот збор на Роберт де Ниро

Во еден од оние по малку здодевни прашалници де Ниро сепак успева да биде шармантен и искрен. Како на пример кога вели дека единствена фикција која ја чита се - весниците.

Гласот на Худини

Деновиве после подолго време повторно се активираа автомобилите со мегафон, кои најавуваат атракција во градов. Не, не мислиме на изборите, туку на вистински циркус. На оваа снимка од 1914 славниот Худини рекламира една таква точка, која според него не е никакво чудо, туку чиста манипулација, и со тоа ја нагласува нам познатата разлика меѓу занаетчија и циркузант.

Да се има дете, или не?

Дилемата да се имаат деца или не кај обичниот човек варира меѓу решенијата а) да и б) не. Сè додека во муабетот не упадне филозоф (и тоа жена), кој ќе ти објасни дека се работи за епистемолошко-трансформативно искуство.

Премиерот и метафорите

На годишнината од смртта на студентот на Хабермас, докторот по филозофија кој својата одлука да стане политичар ја плати со живот, уште нешто по што тој се издвојуваше од колегите во регионот - неговиот обид за освежување на политичкиот дискурс со живописни стилски фигури. Забелешка: текстот е од 2002.

Автостоперски водич низ загрозените видови

Денес (11 март) фановите на Адамс го слават роденденот на писателот и, она што е веројатно помалку познато - активистот во областа на заштитата на загрозените животински видови.

Колку млеко дава бикот?

Предизборните кампањи се веројатно најдобрите моменти за муабет околу моќта на јазикот, да заведува, заобиколува и (не)чесно да ја толкува стварноста. И за предупредување дека не е од некоја корист ако бикот цело време го викаме крава, затоа што ќе дојде моментот кога него ќе треба да го измолземе.

Библиотечна уметност

Нова инсталација во една локална библиотека во Вајоминг ја визуелизира колективната љубопитност и прашањата на посетителите кои ги пребаруваат нејзините каталози преку динамична и интерактивна скулптура. Или во превод...

Маркес низ цитати и фотографии

Иако тој боледува од деменција, ние заборавивме да му честитаме - вчера „Габо", како што го викаат нагалено земјаците, наполни 86. Добра вест со оглед на тоа што неколку пати на интернет беше прогласуван за мртов.

Mинималистичка наука

Индијскиот графички дизајнер Капил Багат пред неколку дена го одбележа Националниот ден на науката во неговата земја со серија минималистички постери, кои сликовито ги прикажуваат најважните научни откритија во историјата на науката.

Офф.нет полни 72

На првиот роденден, Буковски нè части шише вино, и ни кажува на кого ќе можеме да се потпреме, кога ќе остареме.

Приказната зад Кјубриковиот „Наполеон"

Пред неколку дена слушнавме дека Спилберг ќе продолжи онаму каде што застанал неговиот славен колега, и ќе продуцира мини-серија врз основа на сценарио за животот на Наполеон, кое Кјубрик го напишал во 1969. Еве неколку интересни детали за најславниот филм кој никогаш не бил снимен.

Битлси антологија во 1 минута

Комичарот Чед Нид со битбокс маестрото Бронкар Ли зипуваат 22 песни на Битлси во 60 секунди. Само колку да видите колку ваквата постапка е во суштина глупа.

Луѓе, поправете си ги чешмите!

Бесмртниот Душко Радовиќ за сонот на секое прасе, убавите жени, атеистите, докторите на науки и селаните. И најважно од сè - за расипаните чешми и кантите за ѓубре во висина на кошеви.

Сто години потрага по загубеното

„Во потрага по загубеното време" е едно од највлијателните книжевни дела на сите времиња. Моргановата библиотека и музеј во Њујорк ја одбележува 100-годишнината од излегувањето на првиот од седумте делови на овој роман со голема изложба на ракописи, фотографии и писма на авторот.

Кога Коен слика

Од 9-16 март во галеријата Мејбери фајн арт во Винипег, Канада, ќе се одржи продажна изложба „Леонард Коен - поетот и сликарот" - репродукции од Коеновата лична архива. Фин повод да се потсетиме и на неговите други таленти покрај пеењето.

Писателот Зоран Предин

Пред неколку дена во Загреб познатиот словенечки кантавтор и фронтмен на „Лачни Франц" го претстави неговиот книжевен првенец со крајно неочекуван наслов - „Втората жена во харемот".

ЗБОРУВАМЕ МУЗИКА, гостин-уредник: Бојан Петков-Шамба

Бојан го знаете – гитарист во „Летечки пекинезери", чест соиграч во други џез состави, Дромец, другар на Адо, и уште од мал талентиран цртач, музичар и љубител на поетската реч. Ми рекоа дека бил и правник, ама тоа некако не ми се вклопува, па елегантно ќе го заобиколам.

И писателите имаат тела

Bare it For Books е проект на познати канадски писатели кои се организираат за во 2014. да објават календар на кои ќе позираат речиси голи, а во корист на канадскиот ПЕН и слободата на изразување на писателите од целиот свет. Но пред нив и други славни колеги се сликале, или ги сликале без маица, во костими за капење или ко од мајка родени. Еве некои од нив.

50 новооткриени песни на Киплинг

Проучувачите и љубителите на Киплинг, најпознат по „Книга за џунглата" и песната „Ако", се израдуваа кога слушнаа дека се откриени 50 негови претходно необјавени песни. Една меѓу нив како да е пишувана денес, и тука.

Осум нови интерпункциски знаци

A про по потребата од дополнителни интерпункциски знаци за изразување на поливалентните нијанси на напишаното, за што веќе пишувавме, еве уште неколку супер предлози. И забелешка: говорот на телото е очигледно многу попрецизен, дури и кога се ќути.

Најчуден наслов на годината 2013

Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.

Тенката граница меѓу сатирата и вистината

Чарлс Крафт е уметник-провокатор. Тој прави керамика од кремирани човечки остатоци и кравји коски: бокали со затворачи во форма на кукаст крст, бисти на Чарлс Менсон, макети на свадбени торти со симболи на Третиот рајх. До скоро сето ова се толкуваше како иронија. Но...