Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Скопје има „Јадење книги“, во Битола ги пијат

28 октомври 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Златко Симовски, поранешен вработен на брод за крстарење е автор на книгата „Дневникот на еден морепловец“, издадена без поддршка од министерства или издавачки куќи, под псевдоним Теодор Кузман. Таа беше промовирана на 24 октомври 2024 г. во бутикот за алкохол „Гермит“ во Битола.
  • Локацијата за промовирање е одбрана откако во локалната книжарница одбиле да организираат таму, бидејќи „престанале да продаваат книги од македонски автори“. 
  • „Книгата Дневникот на еден морепловец се состои со интересни приказни, кршење правила, смешни ситуации, макотрпна работа (од соништата), ‘издувни вентили’, себеспознавање, забави со неизвесен исход, чудни верувања и прехранбени навики, добри дела“, вели авторот и ви наздравува. 

Да потсетиме на едно од 11-те изданија на нашиот Фестивал на јадење книги, од 2017, кога победи куферче со разни (демек) наркотични „марифети“, како асоцијација на „Страв и треперење во Л.А.“ (книгата, а и филмот). Значи, јадење, пиење и шмркање книги - комплетирано.
 

извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Како луѓето прекинувале контакт со семејството во 18 век?

Bookbox
2

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
3

Што е најблагото нешто на светот?

Bookbox
4

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
5

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
6

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
7

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
8

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Черно му било пишано

Каде тоа одат зборовите кои се „повлекуваат“ од толковниот речник?

Катна гаража неќе пасти

Деколонизирање на математиката?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy