Роденденска песна од иднината

Офф.нет полни 72

На првиот роденден, Буковски нè части шише вино, и ни кажува на кого ќе можеме да се потпреме, кога ќе остареме.

две ноќи пред мојот 72. роденден

седејќи тука во врело-жешката ноќ
додека пијам шише каберне совињон
откако ќарив 232 долари на трки
немам многу што да ви кажам освен
дека да не беше мојава лоша десна нога
немаше да се чувствувам многу различно од она
пред 30 или 40 години
(освен што сега имам повеќе пари
и би можел да си дозволам пристоен погреб).
исто така,
возам подобри автомобили
и престанав со себе да носам патент нож.
Сè уште сум во потрага по херој,
некого на кого би се угледал,
но не можам да најдам таков.
Не сум потолерантен кон Човештвото
отколку порано.
Не сум си досаден
и мислам дека сум единствениот
на кого можам да се потпрам во кризни времиња.
Со децении се подготвувам да умрам
и вежбав, го брусев тоа.
но ноќва е многу жешко
и не можам да мислам на ништо друго
освен на ова фино каберне,
тоа ми е доволен подарок.
понекогаш не можам да верувам
дека стигнав толку далеку,
ова мора да е некое ѓаволско чудо!
уште еден старец
кој трепка пред силите,
благо насмевнувајќи се
додека градовите треперат
и левата рака се крева,
зграпчувајќи
нешто
реално.

Чарлс Буковски

6 март 2013 - 09:54