Хајнрих Карл Буковски, роден на 16 август 1920 во Андернах, Германија, тогашна Вајмарска република. Претставник на нешто што се нарекува „валкан реализам“, оној сировиот и понекогаш суровиот поглед на животот, кој и таков е сепак убав.
Стариот добар Бук за тоа дали навистина се потребни идеални услови за да создаваш, или тоа е сепак жесток внатрешен порив, кој одолева на сите животни премрежја. И стрипче според негова песна на оваа тема.
Вилијам Волман е американски писател, добитник на Националната награда за белетристика. Тој во септемврискиот број на Харпер магазин објави текст под наслов „Живот како терорист", во кој ја прераскажува содржината на сопственото FBI досие.
Искуството вели - дури и оние кои кон вас покажуваат извесна наклоност можат да бидат прилично цинични кога се работи за вашата навика да пишувате поезија. „Не мора баш за сè да има песна" и „од книгата ти вредат само цртежите" се нивните коментари. А кога би ви дале и совети, тие сигурно би биле слични со овие на Бук.
Во паралелен универзум, моќните корпорации вршат притисок врз нивните вработени со тоа што по мејл им пуштаат - поезија. Еден таков случај пристигнува во ординацијата на д-р Остојиќ.