секогаш има некој простор
пред да допрат до нас
тој простор
кој така опушта,
починка
кога на пример
ќе се фрлиш на креветот
не мислејќи на ништо
или кога
полниш чаша вода
од чешма
обземен
од ништо
тој
нежен чист
простор
вреден е
цели векови
постоење
да речеме
кога само си го чешкаш вратот
гледајќи низ прозорец
во гола гранка
тој простор
таму
пред да допрат до нас
гарантира
дека
кога ќе дојдат
нема да земат сè
никогаш.
Чарлс Буковски