Пет песни за Буковски на неговиот 98-ми роденден

Хајнрих Карл Буковски, роден на 16 август 1920 во Андернах, Германија, тогашна Вајмарска република. Претставник на нешто што се нарекува „валкан реализам“, оној сировиот и понекогаш суровиот поглед на животот, кој и таков е сепак убав.

Влијанието на Буковски врз поп културата е огромно, но на денот на неговиот роденден претставуваме песни кои се директно или индиректно поврзани со него, со онаа специфична „буковштина“ на умот.

Modest Mouse: Bukowski

„Се разбудив утрово, и ми се вде дека секоја измината ноќ личи малку опвеќе на Буковски“. Така вели песната на Модест Мјуз од нивниот албум од 2003, „Добри вести за луѓе кои сакаат лоши вести“

U2: Dirty Day

Боно и другарите во 1992 го поканиле Буковски на стадионот на Доџерси во ЛА, две години пред неговата смрт. И му посветиле песна на албумот Зуропа (1993).

RED HOT CHILI PEPPERS: MELLOWSHIP SLINKY IN B MAJOR

Во песната се спомнуваат неколкумина славни автори, како Марк Твен и Труман Капоти, но само еден се чита кога мозокот ти е спремен да експлодира

Cock my brain to shoot my load/I'm on the porch' cause I lost my housekey/Pick up my book I read Bukowski

TOM WAITS: FRANK'S WILD YEARS

И Вејтс и Буковски си ја наоѓаат инспирацијата во бизарното, забеганото, нелагодното. A oваа песна од 1983 била инспирирана од краток расказ на Бук „за малите нешта кои ги полудуваат мажите“. Френк во неа една пијана вечер си ја убива жената која чувала слепа чивава и имала некаква кожна болест и ја пали куќата. Never could stand that dog.

THE BOO RADLEYS: BUKOWSKI IS DEAD

Британски бенд кој ја користи смртта на писателот како метафора за смртта на книжевноста и уметноста воопшто.

Претходно: Анимирана верзија на „Девојката на ескалаторот“ од Буковски

16 август 2018 - 15:57