Краток филм според песна на Буковски

Девојката на ескалаторот

Може да го сакате Буковски, може и да мислите за него дека е старо алкохолизирано дртало кое се гребе од таквиот имиџ за и години по смртта да заведува млади и наивни кои мислат дека да си губитник е кул, ама мора барем еднаш да сте признале дека некои работи едноставно ги има „убодено" подобро од многумина други.

Тие вистини понекогаш се грди, понекогаш тажни, понекогаш едноставно онакви какви што се. Токму за една таква работа од типот на последниве станува збор во оваа песна, односно во видеото коешто ја илустрира. Веројатно може да се направи една цела збирка песни на Буковски со наслов „Девојката... - „Девојката пред супермаркетот", па „Девојката во мини сукња што чита Библија пред мојот прозорец", а оваа во филмот е „Девојката на ескалаторот".

Во само неколку секунди колку што трае искачувањето на подвижните скали, Бук измислува цела интимна историја на девојката лежерно прегрната околу појасот од нејзиниот љубоморен дечко, навидум сосема лична и неповторлива, за да заврши со нешто што повеќе спаѓа во сферата на „вулгарната" биологија отколку во сферата на љубовта, нежноста и романтиката.

Ништо против девојката. И ништо против дечкото. Види погоре - работите понекогаш се едноставно такви какви што се.

Прочитајте ја прво раат песната

Видеото:

15 јули 2016 - 16:07