Талентираните поети, љубителите на поезијата и новите редови на Твитер до сега беа безмилосно дискриминирани - џабе удираш ентер меѓу стиховите, тие излегуваа како цели реченици. Букбокс тоа го решаваше со коси црти (Денови ли се денови/аргатски маки големи), ама сега нема потреба за такво мачење и ритмичко-естетско нарушување на прочитаното.
Компанијата ја најави промената на сопствениот твитер акаунт со хаику:
Нормално, корисниците веднаш реагираа, некои со (поетска) иронија, но други со креативна употреба на можноста и за апстрактна твитер уметност.
Ајде да се пробаме на #новред.