- Ноемвриската програма на Кинотека на Македонија 2024 година е вистински културен мозаик, збогатен со уникатни филмски искуства и интригантни дискусии.
- На програмата се циклус јапонски и шпански филмови, како и проекции на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика. Програмата ја збогатува и тематската вечер „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство.
- Посебната вечер посветена на надреализмот ќе вклучува проекции на антологиски надреалистички филмови и панел-дискусија на оваа тема. Оваа програма има за цел да го врати вниманието кон магијата и визијата на надреализмот, истражувајќи го преку класични дела како оние на Луис Буњуел и Салвадор Дали.
- Семејството на Дејвид Линч денес, 16.1., ја сподели веста за неговата смрт на 78-годишна возраст. Во 2024 тој сопшти дека веќе нема да го напушта домот, откако беше дијагностициран со емфиземa.
- Линч почнал да прави филмови како студент на Американскиот филмски институт во ЛА. Неговиот прв филм од 1977 е црно-белиот надреален хорор Eraserhead, за татко кому му е доделено на чување болно бебе кое едвај личи на човек. Тој најпрвин добива мешани критики, но потоа станува хит во арт кината.
- Пробивот се случува со „Синиот сомот“ од 1986, целосен израз на неговата имагинација. Отсечено уво среде пусто поле засекогаш ќе биде асоцијација на Линч. А за мешавината на мистерија и критика на американската малограѓанштина во „Твин Пикс“ и да не зборуваме. Серијата ја трансформираше телевизијата како медиум за раскажување комплексни и кинематографски богати приказни, кои подоцна ќе влијаат врз серии како „Мед мен“, „Сопранови“ и „Сикс фит андер“.
- Низ годините Линч често зборуваше за посветеноста на трансценденталната медитација. Во 2005 формираше и фондација за подучување медитација за деца и возрасни. Правеше мебел и изложуваше слики во галерии низ светот.
- Денес, на популарната Фејсбук страница „Бардовите на македонското глумиште“ осамна вест за смртта на актерката Весна Стојановска Николовска, долгогодишна актерка во Македонскиот народен театар.
- На јавноста таа ѝ беше најпозната по улогите во Македонски народни приказни, Тврдокорни, Солунски патрдии и Последната македонска елегија.