- Во својот „Книжевен гоБлен“ на сајтот за култура Блен, Наташа Атанасова ги споделува своите впечатоци од македонското претставување на најголемиот издавачки и книжевен саем на светот - Франкфуртскиот.
- „Иако толку многу се подготвувавме за саемот, цело време се плашев дали ова што го правиме, дали целиот овој труд ќе биде залуден. Овој страв ми го подгреаја неколкумина што претходно работеле на нашиот штанд, кои ми кажуваа дека, општо земено, интересот е мал и речиси нема интерес за македонската уметничка литература. Меѓутоа, овогодишното искуство беше поинакво.“
- „Преводите на англиски на најдоброто од нашата книжевност од изминатите три години беа полн погодок, затоа што на сите што се заинтересираа за одреден автор или дело преку приказната спакувана во 1-2-3 минути, следното прашање им беше: има ли достапен превод на јазик што би можел да го разберам?
- „Ваквите претставувања се стратешка работа. Ова мора да биде дел од долгорочна стратегија за позиционирање на македонската книжевност на светската мапа и секое ново претставување да биде надградба на претходните искуства.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.