Една песна и накриви капа

Дон МекЛин денес има 80 години. Пред 55 години, во 1971-ва, напиша една песна која стана голем хит а во меѓувреме влезе и во националениот регистер на американската Конгресна библиотека како дело со „особено историско, културно или естетско значење.“ И пазете сега ова, оваа песна ден-денес му носи пари од тантиеми меѓу 300.000 и 500.000 долари годишно!

Сепал, не е сè така сјаjно во животот на стариот МекЛин. Во 2021 година изјави дека ја отстранил од тестаментот и ја лишил од наследство својата ќерка Џеки МекЛин откако таа јавно проговори дека тој ја малтретирал како дете. Џеки за Ролинг Стоун изјави дека растела во „постојан страв“ од татко ѝ кој ѝ врескал и за најмали работи. Во 2016-та година тој бил пријавен од сопругата за семејно насилство по што двацајата се имаат разведено. 

А песната ја знаете:

 

 

3 февруари 2026 - 15:00