Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Грција била жртвувана за да се спасат германските и француските банки

2 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Имејл од новообјавените документи од досието Џефри Епстин открива дека меѓународните програми за спасување на Грција на врвот на должничката криза всушност биле наменети за спасување на банките во Франција и во Германија.
  • „Според економистите што ги истражуваат деталите, околу 90% од плаќањата кон Грција всушност одат кај германските и француските банки кои направиле ризични инвестиции и сакаат да бидат отплатени. Мислам дека овие долгови треба да се сметаат за одвратни и треба радикално да се реструктуираат или да се откажат“, напишал Ноам Чомски во порака до Џефри Е. во јуни 2015 година. Чомски заклучил: „Грците им плаќаат на северните банки за долгови што народот никогаш не ги имал“. 
  • Во текот на годините на финансиска криза (2010–2018) Грција доби повеќе пакети за спасување од „Тројката“ - Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд во износ од над 280 милијарди евра.
  • Анализи од тој период покажаа дека значителен дел од исплатите биле наменети за сервисирање и отплата на кредиторите од приватниот сектор. Преку механизми како размена на обврзници, префрлање на долгот и кредитирање во официјалниот сектор, голем дел од приватната изложеност ефикасно се префрлила на јавните институции низ Еврозоната, при што грчките даночни обврзници на крајот го понесоа товарот.
  • Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис тврди дека архитектурата на спасувачкиот план првенствено ги заштитила европските банки од загуби, а на Грција ѝ наметнала строги контракциски политики, што довело до длабока рецесија, зголемена невработеност и пад на животниот стандард.
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Квалификации

Балканштина
7

Елитно ментално

Забава
8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Есеј за хотелскиот појадок

"Серем вам се у тон филм!"

Правило за состаноци: две пици

Кому се Таки отфити?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy