Реклама на која ѝ е јасно каде живее

По онаа урнебесна реклама со синхронизација како во турска серија, Халк банка продолжува со ист шарм. Врвно иронизирање на рекламната матрица за која пишувавме деновиве („лоши дијалози и уште полошо глумење“), маестрално изведено од Сашко и Горазд. Оние брендови кои вака се рекламираат мртви- озбилни, како не сфаќаат дека е тоа глупо до ежење? Или па стварно им звучи јако тоа нивно „а да ја повториме поентата уште неколку пати“? Браво за Халк банка, концептот и актерите.

2 февруари 2026 - 08:20