Инстаграм реклама од 1977 година

ВХС снимка за реклама за радовишката пицерија „Мериџејн“ (прејако име и транскрипција), за да видите дека за пола век (прецизно: 49 години), не само што немаме мрднато на ова поле, туку и денешните Инстаграм реклами (оние најглупите, со лоши дијалози и уште полошо глумење), се уште посиромашки во сценаристичка и продукциска смисла. А матрицата иста.

Најјако е што пицеријата Мериџеин уште е во игра и се наоѓа овде. Да се живи и здрави овие пионери на „виралноста'“

30 јануари 2026 - 11:31