Утринава Сава повторно се влеа во Дунав. Дунав во Црно море. Црно море во Средоземно море. Средоземно море во Атлантски океан. А вие повторно не знаете што со себеси.
Добра е секоја мака која не поврзува, и лошо е секое добро кое нè раздвојува.
Има многу сиромашни деца, на кои освен пари родителите не можат ништо да им дадат.
Сакајте си ги децата и кога се виновни, затоа што животот може да ги казнува и кога не се.
Подароците се ретки и евтини. Сето останато е подмитување.
Кој сака постојано да е во право мора често да го менува мислењето.
Кога е некој глуп, тоа не можете ни да му го докажете.
Сонот на секое прасе е да умре како свиња.
Зошто уличните канти за ѓубре не се подигнат на висина на кошеви? Тоа би била провокација на која никој од нашата кошаркарска нација не би одолеал. Кошевите би биле полни, а градот чист.
Нека ни се здрави и живи докторите. Да не се тие, многумина од нас не би имале пред кого да се соблечат, ниту пак би имало некој да не допре.
Тепајте ги вашите деца кога ќе забележите дека личат на вас.
Вчера еден родител во очај извика на родителска: „Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум!"
За секого може да се зборува лошо, потребен е само повод.
Не трчајте по жени, за да не се судрите со оние кои од нив бегаат.
Никој не им верува на убавите жени. Премногу се убави за да бидат верни. Ист таков е случајот и со паметните мажи.
За фудбал се интересираат два вида мажи: оние кои немаат девојки, и оние кои имаат жени.
Пред да го поправите светот, поправете си ја чешмата дома. Светот би било многу посреќен и поубав кога секој би си ја поправил чешмата. Или макар забите.
Ако некоја птица ви се посере на глава, дискретно избришете се и правете се луди, како и секогаш кога ве имаат посрано.
Атеистите не мораат да бидат чесни. Нема Бог кој за нив би бил надлежен.
За разлика од докторите на науки, селаните имаат повеќе знаење отколку стручна подготовка.