Воведена на Франкфуртскиот саем уште во 1978, таа сакала да привлече внимание кон една потценета уметност - онаа на пишувањето наслови, кој често е клучен за продажбата на некоја книга, без оглед на нејзиниот автор и на нејзината содржина.
„Кратка историја на трактори во Украина", еден од добитниците, до денес е продадена во милион копии, а за книгите како „Ловење лосос во Јемен", „Стогодишниот човек кој се качи до прозорецот и исчезна" и „Грчкиот селски поштар" веројатно никогаш не би слушнале да не се нивните необични и наградени наслови.
Во финалето за наградата која денес се вика Bookseler/Diagram, според организаторот, порталот The Bookseler, оваа година влегоа шест наслови:
Како покривачите за чајник го променија светот (How Tea Cosies Changed the World),
Како да острите моливи (целосен наслов: How to Sharpen Pencils: A Practical & Theoretical Treatise on the Artisanal Craft of Pencil Sharpening for Writers, Artists, Contractors, Flange Turners, Anglesmiths, & Civil Servants),
Поткровјата на Северна Америка: куќички за гулаби (Lofts of North America: Pigeon Lofts),
Дали Хитлер бил болен (Was Hitler Ill?),
Божјиот стап: Животот и историјата на пенисот (God's Doodle: The Life and Times of the Penis) и
Заштита од гоблини на вашиот кокошарник и други практични совети во нашата кампања против волшебните суштества (Goblinproofing One's Chicken Coop).
Во тек е гласање на сајтот на организаторот, а наградениот наслов ќе биде прогласен на 22. март.
Минатогодишниот победник е „Готвење со Пу". Пу е готвачka од Тајланд чие име значи „рак", но на англиски poo е она што се јаде само метафорично.
Oд домашните наслови гласаме за „Нанониче метод на законот на вистината“.