Bookbox

Прекрасен филм, направен според вистинска приказна, за татко и ќерка кои се обидуваат да живеат во шума, изолирани од институции, шопинг молови, компјутери и телефони. 

Во мемоарот холивудската легенда го документира својот динамичен живот на начин кој е опишан како искрен и весел. Сепак помеѓу спомените има и по некои трауматични. На пример кога на 10-годишна возраст си го повредил пенисот.

Што е тоа „ефект на коктел забава“?

Селективното слушање, познато и како „ефект на коктел забава“, е способноста да разликуваме и да се фокусираме само на еден звук во присуство на други со кои тој конкретен звук се „натпреварува“. Накратко - она што нè интересира го слушаме, другото го игнорираме како позадинска врева.

Речиси 20.000 потписи на петиција на креативци против тренирањето ВИ на нивни дела

Бjoрн Улвеус од АББА, актерката Џулијан Мур и пејачот Тој Јорк се помеѓу потписниците на изјава од претставници на креативните индустрии кои се противат компаниите да ги користат нивните ликови, гласови и дела за тренирање на вештачка интелигенција.

Букбокс гледаше: „Ли“ (2024)

Биографски филм за американската фоторепортерка Елизабет „Ли“ Милер, која во текот на Втората светска војна била воен дописник на „Вог“. Зошто до скоро не знаевме за неа? Затоа што самата не го сакала тоа. 

Што би рекле Кафка и Орвел?

Коментирајќи ги најновите контроверзи околу владиното следење на интернет, Обама изјави: „Теориски може да се жалите во врска со Големиот брат и дека ова е потенцијално агресивна програма, но ако ги погледнете деталите, тогаш мислам дека го имаме вистинскиот баланс". 

Блуз туризам

Што ако си најотепаниот регион, во најсиромашната држава во САД, кој единствено може да се пофали со својата тажна, но убава музика? Нормално, правиш сè ова духовно наследство да стане атракција, и без да закотвиш античка галија во Делтата, само реновирајќи старо складиште, да им го понудиш на благодарните туристи.

Мапирање на градските мириси

Во 2011, Кејт МекЛин, дизајнер и картограф, како тогашна студентка по уметност, почнала да се занимава со сетилните аспекти на урбаното доживување. Прв проект ѝ бил „сензорната" мапа на градот во кој студирала, Единбург. Следеле мирисни мапи на уште пет градови, меѓу кои Њујорк, Амстердам и Париз.

Суровиот говор на Брн

Сте поминале неколку години напорно работејќи на вашата идна уметничка кариера, доаѓа денот кога конечно дипломирате на престижен универзитет од оваа област, и очекувате дека некој силно ќе ви ја стисне раката и ќе ви честита на постигнатиот успех. Наместо тоа Дејвид Брн ви мава шамар.

Сирената од милион долари

Девојката заради која и кај нас „Бал на вода" се гледал и по десетина пати (живописно доловено во серијалот „Уа шнајдери!") пред неколку дена почина во длабока старост. Пред нешто повеќе од една година таа одговараше на познатиот прашалник на Венити Фер. Со бистар ум и на деведесет години, Eстер Вилијамс до крајот била опседната со пливањето и базените. А богами не била ни баш скромна.

Срамот од тоа да читаш книги до пола

Има разни типови читатели на книги, и претходно сме пишувале за некои од нив, на пример за оние „сериски моногамните" кои истовремено читаат неколку книги. Но има еден особен тип, читатели „до пола". 

Бекет и Андре Џинот

Андре Рене Русимов или „Нежниот џин" како што уште го нарекувале, се родил во Гренобл, Франција. Уште во детството се покажало дека тој не е како останатите - страдал од акромегалија или гигантизам, хормонално нарушување кое резултира со прекумерен раст.

Што е тоа „дркаџија“?

Не, тука не се работи за анализа на нечии сексуални навики, туку за „проклетства од луѓе кои само одат и серат“. Откако го прочитавме текстов по малку се вознемиривме од бројот на таквите кои ги познаваме. Од друга страна, некако нè утеши тоа што тој тврди дека дури и за нив има надеж.

„Војни на ѕвездите“ на навахо

На 3. јули на територијата на народот Навахо во Аризона, полу-автономна област на домородните Американци во рамките на САД, ќе биде промовиран нов превод на класикот од 1977. 

Субкултурата на брадестите

Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.

Итало Калвино за абортусот и смислата на животот

Некако е логично дека најзагрижени околу стегањето на обрачот кога се во прашање репродуктивните права би биле жените. Но во текот на историјата на борбата за женските права ним им се придружиле и некои мажи. И тоа не само заради меѓуродова солидарност, туку како дел од нивниот светоглед.

Maла бесплатна библиотека

Неколку пати сме објавувале вести за отварање на неформални библиотечни пунктови низ градови во светот, пропагирајќи нешто слично да се случи и кај нас, па макар и на ниво на експеримент. Едни читателки најавија, и се надеваме ќе истраат во намерата. Не дека им вршиме притисок (чувај боже), ама еве уште еден пример, од Њујорк.

Должината (не) е важна

Укинување на збор со закон е необична постапка, и во поинакви околности би можело да биде повод за масовни протести на лингвистите. Но заминувањето на овој конкретен термин е дочекано со олеснување.

Нацртај ги сите згради во твојот град

Како што тргнала работата со масовното градење, но и со преправање на старото, во одредени кругови попознато како „разубавување", почнуваат да исчезнуваат градби или простори на кои сме навикнале, со кои ни се врзани спомени, или кои просто ни се убави.

Холивудските ѕвезди за човековите права

На 28 август 1963, денот кога Мартин Лутер Кинг го одржал славниот говор „Јас имам сон", во Вашингтон неколкумина холивудски актери се собрале на округла маса. Ова е историска снимка на дискусијата која ја воделе.

Бриселски жаргон

Од моментот на проширувањето на ЕУ во 2004 англискиот почна да станува „лингва франка" на европските институции и агенции. Сепак, за повеќето службеници англискиот не е мајчин јазик, што резултира со интересни извитоперувања на речникот, кој вклучува зборови кои во литературниот англиски или воопшто не постојат, или речиси и не се употребуваат.

„Лапање" конечно во францускиот речник

„Францускиот бакнеж" отсекогаш бил француски. Но дури сега тие самите правописно го усвоија терминот, па можат вака да се бакнуваат без јанѕа дека прават..хм..јазична грешка.

Дали лош човек може да создава добра уметност?

Дали „Лимениот барабан" го читате поинаку во светлината на обвинувањата упатени кон Гинтер Грас за антисемитизам? Дали априори одбивате да прочитате дело на домашен автор, затоа што тој не ви застанал на пешачки? Дилемата е стара, но секогаш актуелна.

Обредна пролетна сланина

Вчера, 29. мај, пишувавме за јубилејот, сто години од премиерата на контроверзниот балет на Стравински, и неговото влијание врз формирањето на модерната музика. Сега ви нудиме трибјут клипчиња базирани врз последната минута од делото. Некои од нив се навистина цепки.

Памук и Еко на иста маса

Неодамна на Босфорскиот универзитет во Истанбул две водечки имиња на современата светска литература одржаа предавање во форма на дијалог. Темата: „За фактите, книжевната фикција и историјата". 

Скандалот што ја промени историјата на музиката

На 29. мај 1913 новоотоворениот театар на Шанзелизе бил преполн. Но кога се зачуле првите ноти oд делото на тогаш малку познатиот руски композитор Игор Стравински, публиката почнала да се вознемирува. 

Бертолучи повеќе ги сака сериите

Кога имал 12 години малиот Бернардо се гледал во огледало и се замислувал како Џон Вејн. Сега има 73, врзан е за количка, но сè уште го има стариот шарм.

Мртви метафори

Koга метафората од живописна и игрива стилска фигура станува досадно и бескрвно клише, кое ви ја сече гранката на која седите. Метафорично, де.

Концерт за бубачки и саксофон

Цикадите се вид инсекти на кои им требаат 17 години да минат од ларва до бубачка. Во САД оваа година се подготвија за наезда на овие прилично иритирачки суштества, кои се множат во милијарди. Но композиторот Дејвид Ротенберг решил нивната инвазија да ја искористи за - музика.