Bookbox

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Oд каде потекнува идејата за „рамноправност“?

Човечката историја е цик-цак линија на доминација и обиди за регулирање на истата, со развивање на кооперативни начини на живеење. Последново е „цик“-от. А „цак“-от е огромен чекор нaназад во периоди кога поради потреба од работна рака (поради земјоделие или индустрија) хиерархиските структури повторно биле воспоставувани, посилни од претходно. 

Kaранфилче: ароматичниот зачин кој создал империи

Позади еден навидум скромен зачин стои сложена историја на царства и профити, колонијализам и глобализација. Според локалните верувања, пак, растението имало еден куп моќи. Жените од островите го користеле тајно како афродизијак, верувајќи дека го зголемува сексуалниот апетит. Мажите го користеле во време на војна, сметајќи дека ги прави невидливи и оттаму неранливи. 

Сонот на секој твитерџија: направи си своја социјална мрежа и бирај си како ќе ти коментираат

Се вика SocialAI и го овозможува точно тоа - социјализирање со корисници на социјална мрежа слична на Х (Твитер), кои генерираат коментари, совети и дополнувања на секој пост што ќе го направите. Што е финтата? „Корисниците“ се вештачка интелигенција. 

Опа!: Мета размислува за купување на издавачот Сајмон и Шустер за да си ја тренира вештачката интелигенција

Изгледа дојде и тој момент, кога компаниите веќе нема да „крадат“ нечии дела за врз тој јазичен корпус да си ги тренираат ВИ машините, туку најчесно ќе си купат издавач, а со тоа и авторските права на книгите. Волкот ќе биде сит, а за овците...

Новинарството на филм: за „Скуп“, новиот филм за скандалозното интервју со принцот Ендрју

Интервјуто на Би-би-си во програмата Њузнајт од 2019 потсетува на оние телевизиски соочувања „еден-на-еден“ кои повеќе личат на судски процес, кога субјектот нема каде да се крие од добро информираниот обвинител. Сега Нетфликс направи филм за него, кој не зборува толку за последиците по кралското семејство, туку повеќе за тоа каква е моќта на квалитетното новинарство.

Кога оставањето бакшиш било сметано за навредливо

Одвреме навреме, особено во САД каде оставањето бакшиш е задолжително, се актуелизира оваа тема со аргументи за и против истото. Анти-бакшишџиите имале прилично јаки претставници во минатото, меѓу кои и некои од најпознатите американски писатели.

Најчудното модерно верување поврзано со замрачувањето на сонцето

Во врска со денешното целосно замрачување кое може да се следи над Мексико и САД се изначитавме сè и сешто. Но едно од најнеобичните е убеденоста на голем број луѓе дека во текот на еклипсата не смее да се подготвува храна, затоа што таа ќе била затруена. 

Искуството на еден модератор на онлајн некролози

Да, постои и вакво занимање. И некако му доаѓа логично, бидејќи луѓето на социјалните мрежи реагираат на објава на нечија смрт како и на останатите нешта на ваквиот медиум - понекогаш само со „Бог да го прости“ или расплакано емотиконче, но и со говор на омраза, оговарање и секакви теории доколку смртта била неочекувана. 

Букбокс на Фестивалот на грчки филм: „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“

Парабола, драма со фантастични елементи, сатира, трагикомедија. Сите овие етикети се релевантни за филмот на Јоргос Joргопулос, кој ќе се прикаже на четвртото издание на Фестивалот на грчки филм што ќе се одржи од 7-9 април во Скопје и Битола. 

ПостСикрет - проект на испраќање анонимни картички со тајни кој трае 20 години

Создаден од Френк Ворен во 2004, овој концепт изгледа како никогаш да нема да запре. Затоа што луѓето секогаш ќе имаат тајни, и исто така секогаш ќе сакаат да ги споделат, особено анонимно, и макар и напишани на самоделски разгледници. Има само едно правило - тајната да е вистинита и никогаш претходно да не е споделена.

Професорка се секирала дека никој нема да го чита нејзиниот труд за алги па го споила со музика

Како звучи наслов на стручен текст „Влијанието на цветањето на алгите и уништувањето на коралните гребени врз туристичката индустрија на регионот“? Не многу атрактивно, нели? Но што ако истиот биде придружен со музика која ја доловува тагата од последиците на истото, а е компонирана токму врз основа на податоците од истражувањето?

Музеј кој овозможува разговор со ВИ копии на ветерани од Втората светска војна

Осумнаесет Американци кои учествувале во војната одговориле на над 1000 прашања пред камера, за со помош на вештачка интелигенција да може да се креира нивна интерактивна видео верзија. 

Сите Јапонци до 2531 ќе се презиваат „Ѓоргиевски“

Добро, не е буквално Ѓоргиевски туку е Сато, а еден од преводите на ова име, кое може да биде и лично и фамилијарно, е „селанец“ или „земјоделец“, исто како и Ѓорги (од грчкото Georgos или Јорго). Дека ова ќе стане единствената опција за некои пет века во Јапонија покажува нова студија, која истовремено алармира дека за да се превенира ваквата ситуација ќе мора да се смени важечки закон од крајот на 19 век.

Ве нервира што треба да плаќате даноци? За тоа се виновни древните Египќани

Од мумифицираните фараони до Големата пирамида во Гиза, древната египетска историја изгледа дека е прилично позната. Но она што малкумина го знаат е дека оваа цивилизација го развила првиот познат даночен систем.

Што ќе се случи со лустерот во хотел Југославија составен од 40.000 сваровски кристали?

Тежок е 14 тона, стои пред и во Свечената банкет сала на некогаш најубавиот хотел во Југославија, кој од неодамна е во приватна сопственост. Плановите на новите газди е да го рушат. А лустерот?

Доаѓа крајот на учењето странски јазици?

Благодарение на вештачката интелигенција, луѓето сè помалку ќе чувствуваат практична потреба да учат втор, а за трет-четврт јазик и да не зборуваме. Оние кои сепак би се интересирале за оваа работа тоа би го правеле од поезотерични причини. 

Човекот што пет години живеел бесплатно во познат њујоршки хотел (а сега тврди и дека е негов)

Eдно јунско попладне во 2018, човек по име Мики Барето зел соба во познатиот хотел Њујоркер на Менхетен. За една вечер платил 200 долари и 57 центи. Но следниот ден не излегол од неа. Ниту пак следниот. И така пет години, без да плати ниту цент. Сега е на суд, затоа што отишол чекор понатаму, фалсификувајќи документи и тврдејќи дека хотелот е негов. И сето тоа, по негови зборови, како чин на активизам. 

Кога Би-би-си направи лажен документарец за „дрвја што раѓаат шпагети“

Околу осум милиони гледачи пред малите екрани со љубопитство следат документарец за семејство во Тичино, Швајцарија, кое одгледува шпагети кои растат на дрво. Годината е 1957, програмата е на реномираниот Би-би-си, а гледачите следниот ден - втори април - вртат телефони во телевизијата за да дознаат каде можат да купат од садниците. 

Еротскиот бестселер напишан како првоаприлска шега

Била објавена под псевдоним, но зад книгата стоеле 24 новинари од списанието „Њусдеј“. Иако целта била да се исмеат книгите од жанрот романса и еротика, ефектот барем некое време бил тотално спротивен - книгата се продавала како алва, дури и откако самите новинари признале дека станува збор за зафрканција.

Почудно од измислено: детално планираното убиство на продуцентот на серијата „Проблемот на трите тела“

The 3 Body Problem, првата книга од дистописката трилогија на кинескиот автор Лиу Цисин, ја опишува средбата на Земјаните со вонземска цивилизација, од близок систем кој се состои од три сонцолики ѕвезди кои орбитираат едни околу други. Сега романот е екранизиран во долгоочекуваната серија на Нетфликс. Нејзината инстантна популарносст многумина потсети на подразборавената мрачна приказна зад шоуто, која доби завршница на истиот ден со премиерата. 

Стиховите на песните стануваат поедноставни, полути и понарцисоидни

Наводно не било (само) до тоа дека сме постари. Според студија објавена оваа недела, во последниве 40 години песните, барем на англиски, и тоа во повеќе жанрови, стануваат сè „побазични“ - со поедноставни фрази кои се повторуваат. Во однос на содржината, доминираат песни кои не се весели. 

Вештата шпионка која го спречила Хитлер да го испразни Лувр

На прв поглед, со фустанчето со штиркана јака, уредната фризура и наочарите, така сместена среде сликите, изгледа како типичен „н'рд“ - историчар на уметност. Но Роза Антонија Марија Валан била многу повеќе од тоа - осамена шпионка која си го ризикувала животот од љубов кон уметноста.

Музеите во Италија водат војна против „вулгарната“ и комерцијална употреба на делата од нивните колекции

Статуата на Давид на Микеланџело е еден од симболите на Италија. Но дел од културниот естаблишмент смета дека верското и политичкото значење на ова, како и на други уметнички дела, се вулгаризира со продажбата на илјадници магнети и други сувенири, чија главна цел е комерцијална. Домашните закони се на нивна страна, но забраните можат да имаат контра-ефект.

Оксфордскиот речник на англискиот јазик додаде дури 23 јапонски зборови

Пoвеќе од половината позајмени зборови се однесуваат на готвењето. Вклучено е и „кинцуги“, популарната вештина на поправање оштетена керамика со златен лак. Најинтересен пример е всушност англиски збор, најпрвин преземен од јапонскиот, а сега повторно влезен во англискиот во својата јапонска варијанта.

Џереми Ален Вајт ќе го игра Брус Спрингстин во нов биографски филм

Главниот лик од серијата „Мечката“ (The Bear) од ресторанска кујна ќе треба да се прешалта на музичката сцена и да го игра Спрингстин во времето кога овој го снима албумот „Небраска“.

Букбокс гледаше: „Ефтеркланг: Македониум бенд“ (2024)

„Креативниот процес е како патување во непознатото, каде секоја песна е нова дестинација која чека да биде истражена“. Со овој цитат на Тоше почнува приказна која е многу повеќе од музичка, а тешко се опишува и со студениот термин „колаборативна“, кај нас навлезен преку проектните терминологии кои го имаат исцедено од неговиот благороден потенцијал. Единствен начин да го споделите чувството е да го погледнете филмот и потоа да се фатите на орото, „напраени“ од љубов и убавина.

40 години од смртта на Бранко Ќопиќ: „Бев неколку чекори зад него кога се фрли од мостот“

Помладите веројатно не го знаат, освен ако негова книга не останала на рафтовите на домашната библиотека. Беше еден од славните имиња на југословенската книижевност, но замина трагично, токму на денешен ден, 26 март 1984. Досега знаевме дека е во прашање самоубиство, но еден документарец ни ги открива и деталите.