Живот и забава

Науката ви порачува дека погрешно го јадете јаболкото

Не е мал ќеифот да се пренесуваат вакви вести, имајќи ги на ум оние орди прехранбени талибанци кои имаат фетиш кон здравјето (ќе изедат говно од потполошка ако ги убедиш дека е здраво) и тоа колку канони до кои слепо се држеа, во последно време им беа ревидирани. Од рехабилитацијата на путерот и сланината, па до лустрацијата на чиата. За ова со јаболката, ако се фер и принципиелни, од утре ќе ги гледате како ги голтаат семките.

Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Мозокот ги надмозга научниците и парите

Пред десет години, научник најави дека за една децнија ќе може да направи комплетна симулација на човечкиот мозок. Да беше лесно, лесно ќе беше. Европската комисија се испрси со 1,4 милијарди евра, но проектот кој ветуваше неверојатен напредок во неуро-науката, испадна токму таков. Неверојатен.

Марихуана е да се пуши а не да се јаде

Дури и луѓе со завидно искуство во пафкање на благородната тревка, знаат бааги да одлепат кога првпат ќе пробаат марихуана со јадење, во колачиња, путер и слично. Што е финтата?

Не е само да украдеш нешто, треба и да го продадеш

РМ 50-03 Мекларен Ф1 часовникот е еден од само 75-те примероци од овој модел изработени од Ричард Мајл, чини 1,3 милиони долари и пред некое време беше украден. За крадецот тоа е пола завршена работа, сега ќе треба да најде начин како да го продаде.

Колку може да е тешко да шверцаш дрога, а да не удриш во полиција?

Веројатно има и поглупи начини да те уапсат со дрога, ама не и со над 270 килограми дрога (во вредност од 140 милиони долари).

И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

Една теза што пред пар децении ќе беше исмевана денес добива сè поуверлива евиденција. Се работи за тоа дека емотивните трауми на една генерација може да бидат пренесени на нејзините поколенија. Затоа таков е насловот.

50 години по спуштањето на Месечината: зошто теориите за заговор никако да умрат

Верувањето дека е лажирана програмата на месечината е едно од првите големи „лажни вести“. Зошто сигурно ќе ги има уште многу.

Американските деца повеќе би сакале да бидат јутјубери отколку астронаути

Астронаутската професија е рангирана меѓу последните пет професии.

Сомнителниот систем на регистрирање на Гинисовите рекорди

Навидум банална вест - улица во Велс станала рекордер, како најстрмна на светот. Но таа е стара неколку векови, што го покренува прашањето, како тоа некоја друга до сега фигурирала како најстрмна?

Вол стрит журнал има над 20 луѓе што работат на откривање дипфејкс

Екипата е составена за потребите на американските избори 2020, и треба да им помогне на останатите новинари на медиумот да не наседнат на некој потенцијален дипфејк што би се појавил во овој период.

Што знае бебе што е вселена

Холандски старт-ап ја прекина својата работа откако нагло воочи дека нивниот главен производ, породување во вселената, има сериозни „етички, безбедносни и медицински проблеми“.

Лесно е да си Германец кога е млако

Со години Германците со презир и одважност гледаа на глобалната, а посебно на американската, пракса на распалување клима уреди секој пат кога малку ќе се затопли. И тоа така тераше се додека летово во Германија уште во јуни неколку денови по ред не стигнаа до 37 степени.

Натали Портман потврдена како женски Тор, и други Марвел работи

Насловот на новиот филм (кој малку влече накај ТВ новела) е „Тор: Љубов и молња“ (Thor: Love and Thunder) и ќе биде еден од првите од 4-та фаза на Марвел филмскиот универзум.

Кога политиката ќе ти засоли здравје

Десетина илјади срцеви заболувања и илјадници случаи на рак ќе беа спречени ако британската влада своевремено не прифати производителите на храна доброволно да ја намалуваат количината на сол во нивните производи.

Кина го изгради најголемиот аеродром во светот за багатела

Крајната цена на Пекинг Даксинг аеродромот е 9 милијарди фунти, што и не е некоја багатела. Крајната цена само за третата писта на лондонски Хитроу е 14 милијарди фунти, што значи дека пак се враќаме на тоа дека она кинеското е багатела.

Како ли е да си ја видиш својата ампутирана нога на кутија цигари?

Стар Албанец кој живее во Франција видел фотографија од неговата ампутирана нога како предупредувачка фотографија на опаковка од тутун. Ниту дал дозвола за користење на сликата ниту ногата ја изгубил од пушење.

Обвинителите се откажаа од обвинението против Кевин Спејси

Единствениот случај кој заврши со официјално обвинение и кривичен прогон на Кевин Спејси за сексуално малтретирање, вчера беше прекинат и повлечен на барање на јавните обвинителите на Масачусетс кои требаа да го тераат случајот.

Јади, вежбај, јади, вежбај....

Овој едноставен рецепт за стил на живеење е добар начин да се дојде до поубаво тело. И одличен начин да се закачи мускулна дисморфија, пореметување кое зафаќа сè повеќе мажи, во нивната трка и неможност да постигнат „идеално“ тело по кое офкаат.

Мал чекор за човекот но голем за муабетите

За првите луѓе да стапнат на Месечината во 1969 беше потребен исклучителен напор на 400.000 вработени во НАСА. Од друга страна, беше доволен само еден човек за да се рашири гласината дека целата работа била измама. Се вика Бил Кајсинг.

Почнавме ли да заглупуваме?

Иако општите трендови досега покажуваа стабилен раст на квоциентот на интелигенција, сега се јавуваат обратни трендови. Некои скандинавски земји паѓаат уште од 90-тите години.

Не станавме дебели од што сакаме

Не е дека јадеме повеќе од порано и не е дека вежбаме помалку од порано, неочекувано тврди колумнист на Гардијан барајќи да престане товарењето на дебелите со грижа на совест дека немаат волја да ослабат. Потребна е волја, ама кај политиката и властите кои му дозволија на лакомиот капитализам да ги злоупотребува човечките слабости.

Овошните сокови и ракот, по најново

Британски Телеграф пишува дека пиењето две чаши овошен сок дневно за 50% го менува ризикот од добивање рак. Во лоша насока. Крај нема ова.

Не можеле да ја дијагностицираат додека не ѝ ги виделе цртежите

Сведоштво на една жена која 20 години минувала по различни болници каде што ѝ биле давани контрадикторни дијагнози. Сè додека некој од лекарите не решил сериозно да погледне во она што таа го слика. Денес е доктор на науки, среќна е и слика.