На медицинска конференција во Пекинг беа понудени три можни фактори за ваквата разлика.
Прво, Вухан стартуваше брзо и беше прв и здравството не знаеше со што си има работа. Колку повеќе пациенти минале низ третмани, толку појасно станува што може и што треба да се направи за луѓето да останат живи.
Втората причина за високата смртност во епицентарот на заразата се чисти бројки. Во Вухан болниците беа преплавени од илјадници пациенти и капацитите беа недоволни. Во другите делови од земјата, постои многу помала густина на проблемот. Тоа може да биде поука за другите земји, дека се битни обидите да се забави темпото за да не дојде до стампедо кон болниците.
Третиот фактор е тоа што на почетокот на заразата беа детектирани главно жестоките случаи на болеста, за подоцна да се откриваат и поумерени случаи. Тие први случаи правеа ковид-19 да изгледа како страшен убиец и затоа алармот беше запален.
Според податоците од кинескиот центар за заразни болести, кај пациентите заразени меѓу први и 10 јанари, смртноста изнесува 15,6%, но само 0,8% кај оние кои закачиле вирус еден месец подоцна, меѓу први и 11 февруари.
Сепак, и кога зборуваме за помаливе проценти, останува фактот дека коронавирусот е барем од четири до седум пати посмртоносен од обичниот грип чија стапка изнесува 0.1% односно од него умира еден човек на илјада заболени.