Науката е во трка со времето а истражувачи од цел свет деноноќно се обидуваат да разберат колку смртоносна е болеста ковид-19 и како се шири. Но, во една работа и сега се сигурни: миењето раце е клучната алатка за минимизирање на деструктивниот биланс на коронавирусот.
Миењето раце навистина делува и тоа не само за време на експлозии на нови респираторни вируси туку помага и во спречување на ширењето на широк спектар патогени кои предизвикуваат болести, од оние кои растат во храната како што е Е.коли па до гадинките кои се хранат со човечко месо. А таа практика е неопходна и ако некој е болен и ако некој гледа да не се разболи
Миењето со сапун и проточна вода е поефикасно отколку користењето средства за дезинфекција. Миењето само со вода е подобро од никакво миење но сапунот е драгоцен.
„Миењето раце со сапун најмалку 20 секунди е најважната практика со која човек може да се заштити себе си, своето семејство и заедницата во која живее“, потсетува Метју Фримен, професор по епидемиологија Во Универзитетот Емори.
Некои ќе се прашат, какво фајде од миење раце ако сè околу нас е заразено? Одговорот е базичен: токму со рацете се допира тоа сè. А со истите тие раце човекот се допира и самиот, меѓудругото и лицето (престанете да го допирате лицето). Ако човек е болен, неговите измиени раце ги намалуваат шансите тој да ги рашири патогените на работите кои ги допира. Ако не е болен, со тие раце ќе ги пренесе патогените на своето тело и мембрани (престанете. да. го. допирате. лицето). Се работи за базична хемија: сапунот е тнр. сурфактант кој ги разложува маслата и нечистотијата од кожата и заедно со нив ги испира и микробите
Луѓето со векови биле свесни за ефектите од миењето раце иако не знаеле како тоа функционира. Меѓудругото, добар дел од светските религии го промовираат тоа како ритуална пракса. Науката ја совладува темата во 19-от век кога ги открива микробите а последниве 40 години здравствените инстанци систематски работат на тоа да ги убедат луѓето да мијат раце кога се враќаат дома, пред да почнат да јадат и откако ќе го празнат телото
Фриман и неговата сопруга која се занимава со слична тема, велат дека помага по дома да се оставаат потсетници за миење раце. Кај нив дома тие имат такви во ходникот во кој се влегува и на столчињата на кои седнуваат да јадат.
Ако верувате дека македонските испитаници давале искрени одговори, тогаш на тема миење раце во европски рамки, не стоиме лошо како заедница:
И уште еднаш советот:
Мијте ги рацете каако да се лупеле лути пиперки а треба на очи да ставате контактни леќи.
И не го допирајте лицето. .
*********
Бонус: деловите на дланките кои често и најчесто се пропушта прописно да се измијат: