Гардијан разговара со медицинската сестра Роберта Ре, која сето ова време е на борбените позиции во болницата во Пјаченца.
„Ова е искуството што би го споредила со светска војна. Меѓутоа ова е војна што не може да се води со традиционално оружје, бидејќи се уште не знаеме кој е непријателот па затоа е толку тешко да се води.
Единственото оружје што го имаме за да се спречи уште поголемо влошување на работите е да седите дома и да ги почитувате правилата, тоа е тоа што го прават во Кина, и тоа дава резултати,“ изјавила Ре.
Останатите колеги на Роберта од регионот на социјалните медиуми постојано апелираат до граѓаните и споделуваат слики од истоштени вработени, и болници кои се на работ од колапс. Вработен во одделот за итни случаи во болницата во Пјаченца, Андреа Верчели, во видео на Фејсбук изјавува: „Ова со што се соочуваме не е нормален грип, секој ден добиваме по 40 случаи на пневмонија во одделението за итни случаи.“
Докторот во Хуманитас Гавацени болницата во Бергамо, Даниеле Мачини, на неколку дена пред целата земја да биде ставена во карантин на Фејсбук пишува: „Ситуацијата е драматична. Буквално изби војна и битката не запира, ни ден ни ноќ.“
Во Италија вчера беа воведни дополнителни мерки за карантин, како обид да се намали бројот на заразени.
„Луѓето треба да разберат дека ситуацијата е многу сериозна. Најосновна мерка е дека сè треба да биде затворено, како и да се образуваат адолесцентите за да имаат претстава колку е сериозна работата,“ порачува Ре.