Глобалниот марш на Ковид-19 почнува да личи на несопирлив. За само една недела се појави во Иран па го најдоа во Ирак, Оман и Бахреин, Италија држи на око 10 градови, нивен лекар го однесе вирусот на Тенерифе, едно од омилените места за одмор на Европејците. Австрија, Хрватска, Македонија ги пријавија првите болни, заразата експлодира во Јужна Кореја а во Јапонија почнаа и по вторпат да ја фаќаат.
Нема сериозен епидемиолог кој денес би тврдел дека проблемот може да биде локализиран. Не само заради бројот на зафатени држави туку и заради тоа што вирусот е проширен повеќе отколку што знаеме: се проценува дека две третини на случаите кои имаат излезено од Кина, сè уште не се детектирани.
Светската здравствена организација во моментов нема прогласено пандемија но Сајенс вели дека тоа веројатно е само прашање на време.
Епидемиолози велат дека е време да се размисли за редефинирање на приоритетите на јавното здравје. Досега фокусот беше на обиди за капсулирање на проблемот. Но како што SARS-CoV-2 станува глобален, рестрикциите за патување стануват помалку ефикасни отколку мерките за лимитирање на епидемијата и намалување на нејзиниот импакт, што и да подразбира тоа: затворање на школи, подготовки на болници и други здравствени капацитети па и наметнување драконски карантини на големи градови како што тоа го прават Кинезите.
Самата болест не е единствениот проблем На упатени американски извори им е јасно дека пандемијата ќе доведе до жестоки пореметувања на секојдневниот живот.
„Ја повикуваме американската јавност да соработува со нас за да можеме заедно да се подготвиме за очекувањата дека ова ќе биде лошо,“ порача координаторката за коронавирусот на американскиот центар за контрола на заразни болести.
Сценаријата главно се движат на линија дека оваа епизода со новиот коронавирус ќе испадне еквивалентна на многу лоша сезона на грип И нешто полошо од тоа.
„Мерките на граничните премини стануваат сè помалку ефикасни и одржливи. Треба да се фокусираме на мерки за ублажување на проблемот, додека не дојдеме до вакцина и тоа достапна во големи количини. Битката сега е да ублажуваме, да внимаваме да не ни се распадне здравствениот систем и да не паничиме,“ порачува Лучијана Борио, експерт за био-одбрана.
Магазинот пишува дека другите земји би можеле да преземат елементи од кинеската стратегија. Актуелните анализи покажуваат дека суспендирањето на јавниот превоз, затворањето на салите и забраната за јавни собири веројатно се најефикасните мерки за ублажување на кризата.
„Немаме директен доказ бидејќи немаме соодветно изведен експеримент но веруваме дека тие мерки го спуштија бројот на новозаразени.“
Иста претпазливост постои и околу дилемата дали затворањето на училиштата ќе помогне.
„Ние во моментов едноставно не знаеме каква улога имаат децата. Некој треба да има барем 100 случаи па да започне студија,“ вели харвардскиот епидемилог Марк Липсич, кого го имавме и во статијата „Без паника...“
Препораките ќе се движат во насока кој може, да работи од дома. Но, лесно е тоа да се каже, повеќето луѓе, едноставно, не можат да си го дозволат тоа.
Еден драматичен пример од Вухан, Кина, деновиве.
Син ја затворил својата мајка во стан за да не шета наоколу па да фати вирус. И ева ја неа, на 62 години, со којзнае каква идеја во главата, се симнува цели осум спрата по фасадата! Со кеса нудли во рака!
Подоцна е фатена, прегледана и пуштена дома бидејќи здрава. А на синот му рекле малку повеќе да пази на мајка.