Овие што бојкотираат изјавуваат дека под никакви услови сега не би купиле Корона, меѓутоа утеха за пиварата е дека од луѓето што изјавиле дека редовно пијат Корона само 4% изјавиле дека ќе престанат да ја пијат.
Околу 14% изјавиле дека не би нарачале Корона на јавно место.
Инаку, 16% од испитаните пивопии се збунети околу тоа дали Корона пивото има некаква поврзаност со коронавирусот.
Ваквото расположение меѓу Американците независно го поткрепува и една нова интернет статистика според која периодов има константен раст на пребарувањата “corona beer virus” и “beer coronavirus”.
Корона е третото по популарност пиво во САД.