Кинеските туристи, главно студенти, биле казнети заради прекршување на Законот за маски.
Иако во Франција навистина постои таков закон, кој навистина пропишува казна од 150 евра, тој главно се однесува на прекривање на лицето од религиозни причини (главно за муслиманките), носење кациги или маски за скијање.
Законот не се однесува на лица кои носат маска „од оправдани здравствени причини“. Моментално француските власти ги поттикнуваат луѓето кои се заразени со коронавирусот да носат заштитни маски.
Кинеската амбасада во Париз исто така објавила дека лица кои се претставувале како луѓе од министерството за здравство „влегле во домовите на Кинези“ кои живеат во Франција „и извршиле кражби“.
Бројките на француското министерство за здравство од 9-ти март се дека во земјата има 1.126 случаи на Ковид-19, и 19 смртни случаи.