Здравје

Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

На барање на АФД министерството за здравство на Долна Саксонија објави како пандемијата, мерките против истата и вакцините влијаеа на тамошните деца.

„Временско слепило“ измислија

Генерацијата што ги има најуникатните оправдувања во постоењето на човештвото сега најде оправдание и за редовно доцнење на работа и слични обврски - имале „временско слепило“ и тоа како дијагноза.

По Европа денес се умира и повеќе отколку во пандемиските години

Иако пандемијата речиси преку ноќ ја заборавивме без да си дадеме фора да го дижестираме она што глобално ни се случи, денес се појавуваат цифри кои дополнително ја усложнуваат приказната. Тие не ги даваат сите одговори кои можеби би не интересирале ама затоа отвораат некои прашања. А прашањата- зезнати.       

Вештачкиот засладувач аспартам ќе биде прогласен за канцероген

Аспартам е веројатно најраспространетата замена за шеќер на светот која се наоѓа во најразлични „без шеќер“ производи од газирани сокови до мастики за џвакање. Најавата е дека СЗО се подготвува на аспартамот да му залепи етикета канцероген.

Човек не може веќе на раат ни да се исере

Британскиот национален здравствен сервис има идеја во иднина тоалетната хартија (и гаќите) да доаѓаат со предупредувања и совети во врска со ракот. Сакаат да се подобри навременото откривање на рак на матка, на дебело црево и други карциноми. Некој мислеше дека само на цигарите тоа ќе остане?

Сакавте наука? Лукот е смрт за ковидот

Да кажеше или пишеше некој дека лукот е одлично средство против ковид пред само неколку години, автоматски ќе беше ставен во групата рамноземјаши и кемтрејлци. Ама, ева ја сега таа вест легитимно, со истражување, експерименти и сè што треба за со мирна совест да се набутате лук поддржани од науката, за околу вас да не припарат луѓе ни вируси.

Имало и подобри решенија од карантини

Вообичаена самоизолација (да не одиш на работи или на школо кога си болен) и редовно тестирање за ковид, ќе беа поуспешни тактики отколку оние кои беа наметнати: општи карантини, затворање школи и строги физички дистанци, покажуваа епидемиолошки и економски модели кои ги тестирале овие стратегии во разни варијабли.

Во Англија денес се умира повеќе отколку во пандемијата

Пандемијата разбирливо донесе таканаречен вишок смрт (повеќе починати во споредба со  неколкугодишните просеци за одреден период). Меѓутоа, пандемијата заврши а вишокот остана. И тоа поголем отколку оној вишок кој го покоси ковидoт.  Експерти предупредуваат дека земјата се соочува со „катастрофа од иста пропорција на самата пандемија“.

Операција: Американка на доктор

40 пожарникари и 10 полицајци учествуваат во операцијата за пренесување на една 391 килограм тешка американска државјанка што живее во Франција, од нејзиниот дом до локалната болница.

Во градите имаме микропластика. Од маските ли е?

Милијарди луѓе цели две години секојдневно дишеа воздух  преку пластичните влакна во маските за едократна употреба и по осум и повеќе часа. Затоа, да не се најде микропластика во белите дробови денес би било изненадување. Ова е потенцијална бомба за јавното здравје, велат доктори.

Вештачката интелигенција почна да открива рак подобро од доктори

Доктори и научници создадоа модел на вештачка интелигенција кој може побрзо и поефикасно да открие рак отколку што тоа се прави со сегашните методи. Ова е важно затоа што и покрај сите постојни хемо и други терапии за спречување и лечење рак и понатаму најголем успех има неговото рано откривање.

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Синтетизирајќи шокантни откритија од анализите на илјадници документи на „Фајзер“, д-р Наоми Волф (Јејл, Оксфорд) рече дека си имаме работа со монструми. „Нема шанса да се избегне заклучокот дека цел им е да ја пореметат човечката репродукција“, вели таа и додава „Тоа е биолошко оружје и ние сме нападнати.“

Вакцинирани, ви ѕвони ли во ушите?

Не постојат докази но меѓу истражувачите постои заинтересирност да ги испитаат масовните поплаки дека после вакцинирањето се добива тинитус, состојба во која човек слуша ѕвонење или зуење во ушите кое не доаѓа однадвор. На некои од посреќните им се слуша и музика.

Прогласување на кралот на ковид дезинформациите

Заслугите за оваа неславна титула ги набројува доктор Марти Адел Макари од престижниот биомедицински истражувачки центар и болница Џон Хопкинс. Се работи за американска институција. А и кралот не е од некаде далеку.

Договор вакцина гради

Благодарејќи на американскиот закон за достапност за информациите, досега се откриени многу бекстејџ детали поврзани со ковидот и неговото потекло како и за процесите со кои брзо се дојде до вакцини. Во последната епизода, загриженоста била околу евентуалните сериозни алергиски реакции при што на надлежните им било најважно да се договорат за „меѓусебната доверливост.“ 

Вакцините никогаш не спречуваа трансмисија на вирусот

Исмевањето на оние кои имаа дилеми околу ковид вакцините долго време беше една од омилените дисциплини на медиумите и „одговорните“. Линчот се правдаше со „научниот консензус“ кој постои околу вакцините. Шу праиме сега, кога консензусот се смени, односно е јасно дека никогаш и не постоел бидејќи едногласието се темелеше на принуди, измами и цензури?

Ковид вакцините не се потребни за здрави деца и тинејџери, ако ја прашуваш СЗО

Светската здравствена организација објави нови насоки за вакцинирање кои воведуваат три групи на приоритет (висока, средна и ниска) во однос на ризикот од смрт и сериозно заболување, со кои се укинува потребата од ковид вакцина за сите од 6-месечна до 17-годишна возраст што инаку се здрави.

Британската исхрана е посмртоносна од ковид-19

Храната е најверојатното нешто што предвремено ќе му го прекрати животниот век на просечниот Британец, и не која било туку главно ултра-преработената храна на која отпаѓа најголемиот дел од британската исхрана, некои си 57%.

Ковидот не беше толку смртоносен за да се брза со вакцини

Допрва се отплеткуваат детали од пандемијата кои осветлуваат како упаднавме во тој чуден период кој ни ги измести животите и навиките. Уште во раните денови, главниот медицински авторитет на Велика Британија им има кажано на надлежните дека ковидот не е толку смртоносен за да се брза со вакцините. Знаете како испадна. 

Германскиот министер за здравство нешто се предомисли за вакцините

Кога беше битно, германскиот министер за здравство тврдеше дека вакцините против ковид немаат несакани ефекти. Сега признава дека имаат и дека таквите случаи се вознемирувачки. Карл Лаутербах предлага фармацијата да финансира институт коју би им помагал на оние кои ги сјебале.

10 „факти“ што ги верглаа ковид експертите кои излегоа дека се неточни

Кривицата на одговорните за јавно здравје не е тоа што давале препораки за пандемијата врз основа на она што го знаеле во тоа време, кривицата е што одбиле да ги сменат тие препораки кога добиле нови докази, и тоа што кога студии не ги поддржувале нивните политики биле отфрлени или цензурирани.

Европа до Америка: Jадете нешто што ќе ве разболе

Европските регулативи за тоа што се јаде а што не се јаде, се многу построги од американските, каде во супермаркет можете да најдете производи што содржат барем пет хемиски соединенија кои потенцијално се опасни по здравјето. Некои од нив ги имаат и во лебот.

40 години криеле за ранитидинот и ракот

Компанијата која го создаде и го продаваше светски популарниот лек против стомачни киселини и горушица/жгаравица денес вреди 73 милијарди долари а ранитидинот бил нивниот бестселер. Го продавале со децении знаејќи дека содржи опасен канцероген од кој само еден милиграм може да ги мутира клетките на глушец.

Како да ја хакнете својата чинија

Кинески истражувачи веруваат дека нашле начин како да се губат килограми а тоа да нема врска со вежбање, внимавање што се јаде и колку се јаде. Според нив тајната да се јаде помалку лежи во чинијата и начинот на кој е распоредена храната во неа. Уште сега да се разбереме, глупо е.