
Од 1960-тите, дефибрилаторите, реанимацијата и напредната фармакотерапија значително го намалија бројот на смртни случаи. Подобрите дијагностички алатки, пониските стапки на пушење, пристапот до итна медицинска помош, статини, стентови и хирургија спасиле илјадници животи.
Благодарение на подобрите третмани, просечниот животен век се зголеми од 71 на 77,5 години, објаснува д-р Ју Чен од Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк.
Податоците од изминатите 50 години покажуваат дека смртноста од срцеви заболувања генерално се намалила за 66%.
Но, статистиката не дава целосна слика, бидејќи за општиот тренд најзаслужно е намалувањето од 89% на смртните случаи од инфаркт. Во исто време, бројот на смртни случаи од срцева слабост се зголемил од 13 на 32 на 100.000 жители, од висок крвен притисок од 16 на 33 и од аритмии од 2 на 11.
Се чини дека товарот на смртноста од срцеви заболувања се префрла кон хронични состојби, како што е срцевата слабост“, изјави д-р Сара Кинг од Универзитетот Стенфорд за Everyday Health.
Сè повеќе луѓе живеат со фактори на ризик: дебелината, дијабетес тип 2, високиот крвен притисок и физичката неактивност ги зголемуваат шансите за развој на долгорочни срцеви проблеми.
Според д-р Џоан Брилер од Универзитетот во Илиноис, клучно за надминување на срцевите болести е да се задржи фокусот и кон родовите разлики во симптомите, подоброто образование, факторите на социјален ризик и пристапот до здравствена заштита.