Занимливости

Четврти пензионерски столб: Затвор

Кога некој од постарите порано во маало ќе ти рогне фудбал или ќе ти стегне ластик, го прифаќаш тоа како некоја природна ситуација па се тешиш дека и ти еден ден ќе бидеш од постарите, ќе има помали....Само што, кога ќе дојдат новите помали, може да те изненади тоа што тие сега се со ножеви и пиштоли и главно се лутат ако им ја рогнеш дрогата. Нешто слично, во Јапонија.

Рамноправност во Емирати е кога сите мажи се рамноправно наградени

Вицот почнува со „Обединетите арапски емирати доделуваат награди за родова рамноправност“, а завршува со „сите добитници на наградите за родова рамноправност се мажи“, и не е виц.

Британско „охи“ за мермерите од Акропол

Додека Грција со идентична упорност продолжува да инсистира Британија да почне да преговара за враќање на плочите што пред 200 години беа отуѓени од Атина, првиот човек на Британскиот природно-научен музеј отфрла какво било помрднување на истите.

Ајде веќе нека проработи тој саат

Организацијата на научници која стои зад „Часовникот на апокалипсата“, соопшти дека часовникот и во оваа година останува на исто време како лани: две минути до полноќ. Ви изгледа ли човештвово и неговите лидери дека се свесни за тој цајтнот?

ИКЕА откри дека на луѓето дома баш и не им е пријатно, а не е до мебелот

Речиси половина од Американците одат во својата кола кога сакаат да бидат сами со себе, е состојбата од теренот која ИКЕА ја пренесува по анкета на 22.000 луѓе во 22 држави.

Нè најдоа ли вонземјаните?

Откако се исклучиле опциите да е метеор или комета, за еден мистериозен објект кој во нашиот ѕвезден систем беше забележан пред две години, астроном од Харвард вели дека можеби е „порака во шише“ испратена од друга цивилизација и дека кон таа можност треба да пристапиме со отворен ум.

Името не се менува туку факинг така

Градските власти во едно место во Њу Хемшир отпрвин не му дозволиле на еден виетнамски ресторан да постави знак со своето име бидејќи комбинацијата на зборови им звучела непристојно. Откако виделе дека сопствениците се докрај решени да го бранат своето име, на крајот сепак решиле: Ок, викајте се како сакате.

Радикалите се глупи

Лицата со радикални политички ставови, и од левицата и од десницата, имаат намалена способност да проценат кога грешат. Не за политика, туку општо.

Црно тиквешко, ама бело марсовско

Кога човештвово еднаш ќе се распакува на Марс (како старите Словени кога од зад Карпатите стигнале некаде кај Пехчево, кога некој маж ѝ рекол на жена му: „А? Ти реков дека ќе те носам на јако место?“), многу веројатно е дека некој после напорниот пат ќе посака да го залие успехот со чаша вино. Грузијците веќе работат на тоа на црвената планета тогаш да има доволно грозје.

Си умре млад и зелен

Откако се обистинил стихот од македонската песна „Зајди, зајди, јасно сонце“, на првиот зелен лист насаден на Месечината му станал јасен еден друг стих, од Забрањено пушење: „Овде ноќта паѓа грубо“. 

За инает на Северна, север се помести

Северното магнетно поле на нашата планета неочекувано забрзало и почнало да шиба од канадскиот Арктик накај Сибир. Промената е таква што актуелниот модел на магнетното поле на Земјата веќе не важи па мора да се прави нов.

Една третина Нова година

На новогодишните журки, забави, теревенки и баханалии многумина тргнуваат со ментална матрица слична на онаа на прускиот крал Фридрих Велики кој, пред јуриш кон непријателот, на своите гардисти им има викано: „Што е дечки, да не сакате вечно да живеете?“ И тоа е сосема ок став, ама, како на стари и универзални релативизатори, должност ни е да потсетиме ноќта на 31-ви декември, со вас не е баш цела планета, како што ви се чини.

Падобраните се комплетно бескорисни

Поточно, корисни се само ако скокаш од авион во лет, инаку за ништо не служат, и ова е заклучок кој го бркаа професори по медицина во една неодамнешна студија.

Зошто Заев нема да добие Нобелова награда

Реално, мали се шансите нашиот теледиригиран премиер да се закити со таа престижна и контроверзна награда, иако мора да му се признае дека вешто го одработува проектот за лоботомизирање на граѓанството додека му се менува описот на државата. Нашата воздржаност е од чисто статистичка природа. Имено, за лоботомија веќе имаат доделено Нобелова награда, па нема ваљда два пати за исто.

99 добри работи кои не ги чувме во 2018

Од постојаната бучава на домашните бељи, вообичаените но и вонредни порази (да, Преспа), забораваме дека светот си тера работа и без нас, некогаш на арно, некогаш на лошо. Овојпат за она првото.

Основци ќе учат дека и машки деца менструираат

Активисти за трансродови права успеваат да се изборат во основни училишта во Британија децата да се учат дека „сите родови“ може да имаат месечен циклус.

Како Америка се навлече на Оксиконтин?

На фармацевтската индустрија одамна ѝ е познато дека на човек му се пали инстинкт на реципроцитет кога добива подарок. Чудо едно е како мали и банални подароци од продавачите на лекови (пенкалце, ручече) знаат да му распишат рака на доктор да почне да препишува јаки наркoтици за обични болки.

Ако си толку паметен, зошто бе не си богат?

Како што покажува нов компјутерски модел на создавање богатство, најуспешните луѓе не се оние кои се најдобри или најталентирани. Симулациите со моделот ја потврдуваат старата македонска мудрост „Роди ме мајко со к'смет и фрли ме на буниште“.

Никогаш не е доцна ама прерано знае да биде

Човекот кој ги измисли и прв ги патентираше електронските цигари денес има 87 години, живее во Флорида и нема ни цент земено од изумот околу кој денес се врти индустрија тешка десетина милијарди долари. Човек не треба да биде многу пред своето време. 

Дали ќе се згази бабата или бебето? Зависи од каде сте.

Резултатите на „Моралната машина' базирана на познатиот Трамвајски проблем во кој треба да се донесе одлука чиј живот ќе биде поштеден, знаат да бидат изненадувачки и во рамките на едно исто семејство. А сега стигнаа и глобалните резултати.

Трговска војна: Старбакс - Јупорн

Ако во една војна се навива за оној кој не ја почнал, ние навиваме за Јупорн. А и онака. Луѓе помалку нè замараат со чекирање на Јупорн.

Фејсбук пријателите не се пријатели

Си знаете и самите ама сега има и судска одлука за тоа. Контекстот е дилема дали адвокат и судија кои се Фејсбук пријатели, смеат да бидат ангажирани во ист судски случај.

Најмалку ќе те одбијат ако им дозволиш да те одбијат

Научна анализа на 42 различни студии вели дека потои една техника од само три збора која двојно ги зголемува шансите да се добие позитивен одговор на некое барање или молба за помош. Уште нема студија за нашиот проблем, кога галантно ќе ти кажат „да“ ама веднаш ќе те заборават.

Село Шишкаво, Италија

Во едно италијанско село со вкупно 120 жители, ставиле камера со мерач на брзина за да видат како тоа се вози низ главната улица на селото. За две недели биле регистрирани 58.000 пречекорувања на брзината.