Младата учителка по пливање во декември тргнала од Ла Гомера на Канарските острови за точно 70 дена, три часа и 48 минути подоцна да стигне на Антигва на Карибите. Станува збор за рута од 4.828 километри, кои ги минала сама, за да биде слободна и да си докаже дека може.
Веслала главно во тури од по 12 часа,со кратки прекини за да се растегне, да го зачисти кајчето, да дремне или да гледа заоѓање на сонцето за вечерта пак да повесла пред долгото спиење.
Немала посебни проблеми со океанот и времето но вели дека за тие 70 дена видела повеќе отколку што би видела за 10 години. Ја дружеле китови, група делфини упорно ја прателе со денови, некои риби ѝ доаѓале на галење на рака.
Не ѝ било досадно и не се чувствувала осамено бидејќи имала и сателитски телефон па вели дека зборувала повеќе отколку што тоа го прави во секојдневието.
Наместо внимателно одбрани, нутриционистички балансирани пакети, Џасмин Харисон била главно на бисквити и чоколади. Проценува дека изела околу 40 килограми чоколадо.
„Сакам луѓето да размислат што сè може да постигнат. Сакам да се потсетат дека иако е време на ковид изолираност, таму надвор постои еден цел свет“, порачува младата Харисон.